Реклама

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Урагански ветришта, двонеделен пеколен бран, сега најава за ново невреме: На што се должат овие нагли перомени?

Македонија

Сопругот на актерката организатор, таа помагала во трговијата со колумбиски кокаин

Скопје, Канкун, Дубаи, Србија од јуни до декември,  преку високо заштитена комуникација…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скопје, Канкун, Дубаи, Србија од јуни до декември,  преку високо заштитена комуникација се договарал транспортот на 700 килограми кокаин купен од Колумбија што требало да завршат на европскиот нарко пазар. Американската ДЕА со шпанската и македонската полиција ја расплете мрежата на нарко бизнисот на 6 члена група која требало да наплати 20 милиони евра од продажбата на дрогата. Актерката Силвија Стојановска е осомничена дека била помагач на нејзиниот сопруг Воислав Будисављевиќ, а според истрагата е мозокот на меѓународниот транспорт на дрога. Стојановска е осомничена дека работела по ингеренции на нејзиниот сопруг, кој имал забрана за патување во земјите на ЕУ. Како дел од мрежата бил и братот на Будисављевиќ, резидент на Белгија.

– Откако биле договорени сите детали, на почетокот на декември С.С. по инструкции на нејзиниот партнер В.Б. резервирала апартман во Мадрид на име на неговиот брат и истиот го платила со сопствена кредитна картичка. С.С. во октомври отпатувала во Мадрид преку Софија, за во име на нејзиниот сопруг од непознат шпански државјанин да подигне 10.000 евра, најверојатно за криминални активности на оваа мрежа – изјави Оливер Спасовски министер за внатрешен работи.

За пратката прекуокеански да стигне од Колумбија до Шпанија на извесен „капетан на борд“ групата му платила 850.000 евра. Дрогата откако стигнала во Мадрид била складирана во магацин се додека да се најдат купувачи. Братот на Будисављевиќ, шпанската полиција го уапсила дента кога кокаинот го натовариле во комби за да ја достават до следниот купувач. Воислав  и Стојановска се уапсени во Скопје.

Реклама

-Првоосомничениот веќе има пресуда за сторено исто такво кривично дело и затоа за него е побарана мерка притвор, додека осомничената е прв пат сторител на кривично дело објасни  Маја Коневска обвинител за гонење организиран криминал и корупција

Покрај братот на Будисављевиќ во Шпанија се уапсени уште две лица. Во криминалниот ланец недостасуваат уште двајца, еден турски и еден грчки државјанин.

Катерина Гетева