Реклама

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Урагански ветришта, двонеделен пеколен бран, сега најава за ново невреме: На што се должат овие нагли перомени?

Страотни пожари во Албанија и Црна Гора: Големиот пожар кај популарниот Херцег Нови стигна до куќите во градот

Македонија

Предизборна реторика – Заев заглавен во минатото, Мицкоски насочен кон иднината

Владејачката партија која три години ја има целата моќ во своите раце…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владејачката партија која три години ја има целата моќ во своите раце не може да се однесува како да била опозиција, а таков е впечатокот од реториката која лидерот на социјалдемократите и премиер на државата Зоран Заев ја форсира во јавноста, анализира за Алфа Владимир Божиновски. Па наместо за тоа што направиле како Власт, Заев главно говори за поранешни функционери, иста реторика која ја користеше на изборите во 2016 година. Изминативе години, СДСМ врз база на претпоставки за евентуално членство во ЕУ ги покриваше сите потфрлања, за сега да нуди само чист популизам, констатира Божиновски.

– Ова е проблематично со оглед дека врз база на тие претпоставки за некакво идно членство кои што би биле потврдени со тој датум, сите тие негативности на кои што сме сведоци минатите години, преку тоа се направи обид да се покријат и кога тој датум не беше на некој начин испорачан тогаш се загуби и самиот легитимитет на владеење – вели Владимир Божиновски политички аналитичар.

Наспроти власта, опозициската ВМРО ДПМНЕ  е фокусирана на конкретни мерки, односно на конкретни сегменти од исклучително значење за граѓаните на Македонија – економијата, здравството, образование, право и правна држава, екологијата  вели Божиновски.

Реклама

-Она што ќе им помогне на ВМРО ДПМНЕ во оваа кампања е тоа што најголем дел од ветувањата кои што ги испорача СДСМ и во 2016 и 2017 не се остварени и врз база на тоа они ќе се обидат да ги убедат гласачите дека ВМРО ДМНЕ ќе го оствари тоа што СДСМ не успеа – вели Божиновски.

Аналитичарот смета дека ВМРО ДПМНЕ има степен поголема доверба кај гласачкото тело, односно дека владеењето СДСМ изминативе три години донело голема апатија и разочараност кај граѓаните.

Катерина Гетева