Реклама

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Клековски: Ќе постапам за случајот со непотребните операции на срце кога ќе добијам безбедносен сертификат

Мицкоски: Енергетски сме стабилни, а инфлацијата е за 50% пониска од онаа во ЕУ

По децении чекање: Камен темелник за „Чебрен и Галиште“ следната година

Мицкоски: Македонија ќе ја прилагодува надворешната политика кон новите европски трендови

Мицкоски: Утре ќе биде отворен реновираниот студентски дом „Стив Наумов“, инвестициите во образованието се огромни и приоритет на Владата

Мицкоски: Во судството имаме измеќарско малцинство коешто им слугува на СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Марихуана-политиката и „Стабри“-здравството беа понудата на Филипче, наспроти дата-центрите и развојот којшто мора да се случи во државата

Мицкоски: Со модернизацијата на хидроелектраните ќе го зголемиме производството на обновлива енергија

Мицкоски: Поранешната влада сама прифатила за услов промена на Уставот, сега ние се бориме за подобри позиции

Мицкоски: Овие од СДСМ што се против рудници нека ги прашаат граѓаните на Крива Паланка што мислат за антимонот — и нивниот градоначалник го поддржува проектот

Македонија

Ништо од најавената изградба на нова болница во Струга

Цели 8 години се ветува изградба на нова болница во Струга каде…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Цели 8 години се ветува изградба на нова болница во Струга каде изминативе години често се случуваат дефекти на дотраената медицинска опрема, а поради оптовареност, болницата остануваше и без струја. Министерот Филипче уште пред една година вети дека Струга ќе добие нова болница, која треба да никне на државно земјиште долж магистралниот пат Струга – Ќафасан, но засега на терен нема никакви градежни активности.

„Тоа што административно ни ја запре, ни ја успори постапката беше тоа што имаше мораториум за градба. Се направи административно изземање од тој мораториум за градење и сега документацијата е во Министерството за транспорт и врски кое дефинитивно ќе се врати во општината за да се одобри планот“, вели министерот за здравство, Венко Филипче.

Но, лекарите немаат трпение, бараат соодветни услови за здравствена заштина на пациентите. Дел од објектите во старите и дотраени згради дури и бараки каде што се сместени одделенијата се нефункционални, без просторни услови со амортизирана инфраструктура .

Реклама

„Струшкава болница со години тактизират политички, оваа година, другата година па има ветување од страна на министрите, заменици министри но вие сами гледате, можете да снимате низ сите оддели состојбата е многу, многу тешка не може да се функционира во вакви услови“, вели д-р. Едмонд Весели – спец. радиолог.

Во струшката болница – како во кошница, врие од пациенти. На хирургија, каде има само 16 кревети и две операциони сали, дневно се прават и по 5-6 операции.

Пациентите како да чекаат хотелска соба а не болнички кревет. Ние не шиеме кошули, туку спасуваме животи, велат лакарите кои кажуваат во какви услови работат.

„Секако дека треба обновување, времето оди напред, знаете како се’ се менува така да изискува.Имаме дел, делимично нова опрема, меѓутоа просторно се гушиме буквално“, вели др.Златко Лазаревски-хурург.

Филипче дига раменици, штом ќе го одобрел планот општината, ќе започеле со проектирање на новата болница.

Инаку,во изградбата на болницата многумина препознаваат вносен бизнис бидејќи за истата инвеститорот нема да плати нити денар комуналии, а без пари ќе го добие и земјиштето каде таа ќе никне.

Росица Голабоска