Реклама

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Клековски: Ќе постапам за случајот со непотребните операции на срце кога ќе добијам безбедносен сертификат

Мицкоски: Енергетски сме стабилни, а инфлацијата е за 50% пониска од онаа во ЕУ

По децении чекање: Камен темелник за „Чебрен и Галиште“ следната година

Мицкоски: Македонија ќе ја прилагодува надворешната политика кон новите европски трендови

Мицкоски: Утре ќе биде отворен реновираниот студентски дом „Стив Наумов“, инвестициите во образованието се огромни и приоритет на Владата

Мицкоски: Во судството имаме измеќарско малцинство коешто им слугува на СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Марихуана-политиката и „Стабри“-здравството беа понудата на Филипче, наспроти дата-центрите и развојот којшто мора да се случи во државата

Мицкоски: Со модернизацијата на хидроелектраните ќе го зголемиме производството на обновлива енергија

Мицкоски: Поранешната влада сама прифатила за услов промена на Уставот, сега ние се бориме за подобри позиции

Мицкоски: Овие од СДСМ што се против рудници нека ги прашаат граѓаните на Крива Паланка што мислат за антимонот — и нивниот градоначалник го поддржува проектот

Македонија

Европската унија смета дека нема потреба од ветинг на судството

Жбогар контра Заев. Не е потребен ветинг во судството, тоа е последната…

Сподели:

Жбогар контра Заев. Не е потребен ветинг во судството, тоа е последната опција која треба да се земе предвид, истакна евроамбасадорот. Тој вели дека сепак останува одлуката да ја донесе самата држава, и дека за да има ветинг треба консензус од сите политички страни.

Нашата положба е јасна. Ние претпочитаме судството да ги искористи елементите за подобрување на судството од внатре. За следната година планираме проект за мониторирање на случаите со висока корупција и верувам дека ова ќе го подобри функционирањето на судството. Ветингот е секогаш последната опција, за него има еден предуслов, а тоа е консензус на сите политички страни, вели Жбогар.

Премиерот Зоран Заев денеска истакна дека тие не се залагале за ветинг туку за прочистување во судството. Имало алатки за реализација на прочистувањето во овој сектор, но воедно и апелираше до институциите кои не се во надлежност на владата да ги утврдат фактичките состојби во судството.

Реклама

Процесот што го спроведуваме се вика прочистување во делот на правосудството, кај судиите и јавните обвинители. Поимот ветинг не треба да го употребуваме….ден дел се од законите за правосудството односно Законот за судски совет, Законот за судовите, Законот за антикорупциската комисија кои беа донесени со двотретинско мнозинство, сите се по препораки на Венецијанската комисија имаат вградено алатки. Процесот на прочистување може да се спроведе во тој дел, кажа денска Заев.

Тој ги повика Државната комисија за спречување на корупција, советот на јавни обвинители…да испитаат дали во судството имало корупција, можен судир на интереси и на тој начин да направат прочистување со тоа што ќе кажат што чини, а што не.
Заев вчера од партиска трибина ја повика ЕУ да помогне во прочисувањето во судството, преку активирање на инструментот за мониторинг на судски случаи од висок профил. Дека ветинг морало да има пред неполн месец истакна и министерката за правда Рената Десковска, која посочи дека чесните судии не требало да се плашат од проверките, но сепак го стави ветингот на стенд бај до по изборите ако за тоа се согласни политичките партии.

Мери Ѓорѓиевска