Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Власта се правда дека ЕУ не им дозволила ветинг на судството

Европската Унија била виновна за нерасчистувањето на хаосот во македонското судство. Власта…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Европската Унија била виновна за нерасчистувањето на хаосот во македонското судство. Власта последниве денови по отварањето на сите афери и скандали кои го тресат правосудниот систем,  ја смени реториката па сега тврди дека Брисел им забранил да извршат  ветинг  на судиите.

Премиерот Заев вели дека тие сакале ветинг, но принципот кој тие како власт го нуделе не и се допаднал на ЕУ, па затоа не бил реализиран.

ЕУ бара прво да се најдат начините, прво да се осмисли, затоа што искуството во Албанија дека ветингот да, сериозно создава поголема одговорност, ефикасност и слично. Но, таму се испразнија некои 200 места и немаа од каде да ги пополнат. Гледајќи го тоа искуство, најдобронамерно препорачаа прво да ги решиме претходните прашања кои што се поврзани па после да се почне. Ние сме разумни околу тоа, затоа што е лесно прифатливо и сфатливо.

Реклама

Слична изјава даде и министерот за дијаспора, Едмонд Адеми кој истакна дека Брисел забранил овие две години да се чепка судството.

-Од структурите и институциите на ЕУ, имавме еден вид забрана во тој правец, земајќи ги во предвид фактите и аргументите што се случија во Албанија. Денес во Албанија и по една година, сѐ уште немате Уставен суд. Затоа рековме, добро, нема да има ветинг поради ЕУ и НАТО процесите во изминатите две години, изјави Адеми.

Во овие две и пол години власт, Заев не го исполни ветувањето за ветингот, еве што најавуваше тогаш

-Најавувам генерален реизбор на судиите во државата, тоа ќе се случи веднаш по 11-ти декември. Доста страдаа граѓаните и чесните луѓе, додека криминалци и насилници од власта и нивни соработници се на слобода , изјави Заев на 11.11.2016.

Сега, пак во предизборието го ветува тоа што и претходно го ветуваше. Но со поинаков пристап оти со пристапот кој претходно го имале сме можеле да останеме без судии.

Мери Ѓорѓиевска