Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

„Тресењето од гаќи“ ќе ја однесе Рускоска на отчет пред Советот на јавни обвинители

Вилма Рускоска ќе се правда пред колегите. „Тресењето од гаќи“ ќе ја…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вилма Рускоска ќе се правда пред колегите. „Тресењето од гаќи“ ќе ја однесе обвинителката на отчет кај Советот на јавни обвинители. Жестоки реакции во јавноста предизвика пораката со заканувачка содржина, која шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција ја испрати до апелациониот судија, Јани Нича, каде му се заканува со финансиска истрага, поради пуштањето на Катица Јанева во куќен притвор. Со осуда за потегот на Рускоска се јави и Судскиот совет. Додека пак поранешниот прв реформатор во судството, премиерот Зоран Заев, повикувајќи се на Прибе, не сакаше да даде коментар за овој скандалозен чин на обвинителката.

-Јас пак ќе се повикам на Прибе, кој што ни вика ало вие политичарите да внимавате како тоа коментирате, давате изјави поврзани со судии и со обвинители. И навистина сакам да внимаваме, но дефинитивно она што јас го очекувам, е она што граѓаните гласно го зборуваат, ефикасни и транспарентни постапки, дали се во делот на Обвинителството, дали се во делот на судството, сакаат граѓаните резултати, изјави Заев.

Заканувачката порака на Рускоска не сакаше да ја коментира ниту министерката за правда, сегашната прва реформаторка во судството Рената Дескоска.

Реклама

-Од позиција на министер за правда, не смеам да коментирам  судски одлуки и обвинителски одлуки, ниту пак изјави на обвинители, изјави Дескоска.

Осуда за Рускоска пристигна од Здружението на судии на Македонија. Управиниот одбор најостро осудува напади врз судството и судиите од било која страна.

-Здружението на судиите смета дека нападите „претставуваат директен притисок врз независноста и самостојноста при одлучувањето и правораздавањето, велат од Здружението на судии.

Оваа порака и донесе солиден Пи Ар на обвинителката која периодов е под силни критики за нејзината работа односно одолговлекувањето на клучните постапки околу скандалите што ја тресат правната држава. Русковска беше предлог на Заев да биде шеф на новото обвинителство што треба да гони висока корупција кај функционерите.

Матеја Петровски