Реклама

Македонскиот игран филм „Утре наутро“, во режија на Јани Бојаџи, ја освои наградата за најдобра режија на 15. издание на – BaNeFF 2026 во Стокхлом

Мицкоски во посета на РЕК „Битола“: се зајакнува домашното производство за стабилна енергетска зима

Нови проекти, враќање на старите долгови, решение за водата за пиење – Струмица во првата година на градоначалникот Јанков

Изградбата на автопатот Прилеп – Битола отвора работни места, потребни над 1.200 работници од различни профили

Студентски оброк: Надлежните нудат пакет поволности, студентите бараат повисок дневен износ

Димитриеска-Кочоска прими престижно меѓународно признание за Македонија за управувањето со јавниот долг – остварена буџетска заштеда од 3,2 милиони евра

Македонија чекор поблиску до единствениот европски енергетски пазар – целосна интеграција можна во 2027 година

Денеска е „Црн петок“ – ден за шопинг со реални или нашминкани цени?

Млади иновации за подобри општини

Кристијан и Сара не се соочија во судница – судењето одложено за 1 декември

И Бугари во Устав би можеле да се бадијала: Во пристапните преговори може да има изненадувања што не се предвидени

Казните од „Сејф Сити“ ќе може да се плаќаат преку апликација од следната недела, системот стартува во Струмица и Штип, па во Битола

Македонија

Шамбевски: Владата со системски мерки за младите во образованието, вработувањето и станбеното осамостојување

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ воспоставува системски пристап во креирањето и спроведувањето политики…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ воспоставува системски пристап во креирањето и спроведувањето политики насочени кон младите, преку конкретни мерки, финансиска поддршка и законски решенија со кои се создаваат дополнителни можности за нивно економско осамостојување, образование и решавање на станбеното прашање, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Борис Шамбевски, потпретседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Минатата година, преку Оперативниот план за вработување, за првпат беа воведени таргетирани мерки за младите лица, преку Програмата за самовработување со грант, во рамки на која беа отворени скоро 2.200 нови правни субјекти.

Исто така, годинава Оперативниот план за вработување опфаќа над 10.000 лица и располага со буџет од 40 милиони евра, од нив 32 милиони евра се наменети за директни мерки за вработување.  Опфатени се 6.000 лица до 29-годишна возраст, а предвиден е и младински додаток во износ од 3.000 денари.

Реклама

Освен политиките за вработување, Владата работи и да го унапреди системот за финансиска поддршка на студентите преку нов модел на стипендирање. Со новиот модел се предвидува задржување на вкупниот број од 3.000 стипендии, но со поинаква распределба и категории, со цел поддршката да биде насочена кон различните потреби и образовните профили на студентите.

Па така, предвидени се 1.200 стипендии во категоријата за социјална поддршка, наменети и за студентите со попреченост и студентите со ретки болести. Се воведува категорија стратешки стипендии, со 1.050 стипендии за студентите кои се образуваат во области од особено значење за идниот развој на државата, меѓу кои математика, физика, хемија, земјоделство, шумарство, наставна биологија и рударство. Предвидени се и 750 стипендии за студентите кои остваруваат висок академски успех.

Со цел да се создадат услови за младите брачни парови, при решавање на станбеното прашање, веќе се подготвуваат закони.

Една од мерките се однесува на младите брачни парови до 35 годишна возраст и предвидува можност за стекнување станбен простор по цена најмалку 20 проценти пониска од пазарната. Градежните компании, кои ќе сакаат да градат, ќе имаат обврска да издвојат најмалку 10% од станбената површина за оваа категорија граѓани за да се овозможи пристап до станбен простор под поповолни услови.

Втората мерка е наменета за младите брачни парови до 35 години кои имаат намера да изградат сопствен дом. Се предвидува ослободување од плаќање надоместок за уредување на градежното земјиште, односно комуналии кон општината.

За да се подобри студентскиот стандард и овозможување полесен пристап до услуги, се подготвува и ново законско решение за воведување студентска картичка. Со оваа картичка, студентите ќе можат да остваруваат 20% попуст за услугите достапни преку апликацијата М-услуги, во текот на целата година.

Почитувани,

ВМРО-ДПМНЕ покажува дека грижата за младите ја преточува во конкретни дела. Продолжуваме да работиме на решенија кои ќе им овозможат на младите полесно да дојдат до работа, образование и сопствен дом, затоа што сакаме да имаат услови за подобар живот и својата иднина да ја градат во Македонија.