Реклама

Македонскиот игран филм „Утре наутро“, во режија на Јани Бојаџи, ја освои наградата за најдобра режија на 15. издание на – BaNeFF 2026 во Стокхлом

Мицкоски во посета на РЕК „Битола“: се зајакнува домашното производство за стабилна енергетска зима

Нови проекти, враќање на старите долгови, решение за водата за пиење – Струмица во првата година на градоначалникот Јанков

Изградбата на автопатот Прилеп – Битола отвора работни места, потребни над 1.200 работници од различни профили

Студентски оброк: Надлежните нудат пакет поволности, студентите бараат повисок дневен износ

Димитриеска-Кочоска прими престижно меѓународно признание за Македонија за управувањето со јавниот долг – остварена буџетска заштеда од 3,2 милиони евра

Македонија чекор поблиску до единствениот европски енергетски пазар – целосна интеграција можна во 2027 година

Денеска е „Црн петок“ – ден за шопинг со реални или нашминкани цени?

Млади иновации за подобри општини

Кристијан и Сара не се соочија во судница – судењето одложено за 1 декември

И Бугари во Устав би можеле да се бадијала: Во пристапните преговори може да има изненадувања што не се предвидени

Казните од „Сејф Сити“ ќе може да се плаќаат преку апликација од следната недела, системот стартува во Струмица и Штип, па во Битола

Македонија

Македонскиот игран филм „Утре наутро“, во режија на Јани Бојаџи, ја освои наградата за најдобра режија на 15. издание на – BaNeFF 2026 во Стокхлом

Македонскиот игран филм „Утре наутро“, во режија на Јани Бојаџи, ја освои…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонскиот игран филм „Утре наутро“, во режија на Јани Бојаџи, ја освои наградата за најдобра режија на 15. издание на – BaNeFF 2026, што се одржа во Стокхолм, Шведска.

Наградата ја прими амбасадорката на Република Македонија во Шведска, во име на режисерот и филмската екипа, со што ова признание доби и посебно значење за македонската културна афирмација во Шведска.

Ова е втора меѓународна награда за режисерот Јани Бојаџи за филмот „Утре наутро“. Претходно, филмот беше награден и на SEE Film Festival во Париз, Франција.

Реклама

Двете меѓународни признанија претставуваат значаен успех за македонската кинематографија и потврда за фестивалското присуство на филмот надвор од границите на земјата.

Со новото признание од Стокхолм, „Утре наутро“ продолжува да го афирмира македонскиот филм пред меѓународната публика.

Сценариото, режијата и продукцијата се на Јани Бојаџи, а извршен продуцент е Дејан Милошевски.

Во главните улоги настапуваат Нина Деан и Ирена Илиевска, а во останатите улоги играат:

Гоце Андонов, Јана Никодиновска, Кети Дончевска Илиќ, Бајрам Северџан, Горан Стојановски, Васил Зафирчев, Роберт Вељановски, Благој Веселинов, Јана Вељановска и Димитрина Мицкоска.

Авторската екипа ја сочинуваат:

  • Директор на фотографија: Дарио Секуловски
  • Монтажа: Давид Дулев
  • Сценографија: Гоце Попов
  • Костимографија: Зорка Тодорова
  • Шминка: Ирена Сенокозлиовска

Филмот е реализиран во продукција на Cinemon Media Factory и Revolution Production, во соработка со Алфа Телевизија.