Реклама

Македонскиот игран филм „Утре наутро“, во режија на Јани Бојаџи, ја освои наградата за најдобра режија на 15. издание на – BaNeFF 2026 во Стокхлом

Мицкоски во посета на РЕК „Битола“: се зајакнува домашното производство за стабилна енергетска зима

Нови проекти, враќање на старите долгови, решение за водата за пиење – Струмица во првата година на градоначалникот Јанков

Изградбата на автопатот Прилеп – Битола отвора работни места, потребни над 1.200 работници од различни профили

Студентски оброк: Надлежните нудат пакет поволности, студентите бараат повисок дневен износ

Димитриеска-Кочоска прими престижно меѓународно признание за Македонија за управувањето со јавниот долг – остварена буџетска заштеда од 3,2 милиони евра

Македонија чекор поблиску до единствениот европски енергетски пазар – целосна интеграција можна во 2027 година

Денеска е „Црн петок“ – ден за шопинг со реални или нашминкани цени?

Млади иновации за подобри општини

Кристијан и Сара не се соочија во судница – судењето одложено за 1 декември

И Бугари во Устав би можеле да се бадијала: Во пристапните преговори може да има изненадувања што не се предвидени

Казните од „Сејф Сити“ ќе може да се плаќаат преку апликација од следната недела, системот стартува во Струмица и Штип, па во Битола

Македонија

Седница на Централниот одбор на Партијата на пензионери

Партијата на пензионери вчера ја одржа годишната седница на Централниот одбор на,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Партијата на пензионери вчера ја одржа годишната седница на Централниот одбор на, која покрај редовните членови на Централниот одбор, Извршниот одбор и Претседателство на партијата присуствуваа и повеќе гости од општинските организации на ПП од целата земја, стои во партиското соопштението.

Свое обраќање имаше Претседателот на Партијата на пензионери, г-динот Илија Николовски, кој ги потенцираше сите актуелни активности во партијата и се осврна на сите аспекти на сегашното и идното делување на ПП, а во светло на општествените реалности во земјата и пошироко.

На седницата беше презентиран и Извештај за работата на Партијата, во сите свои домени, во периодот помеѓу две седници на Централниот одбор.

Реклама

Беше извршен и избор на нови членови на органите на Партијата по следното:

За Претседател на Централниот одбор на Партијата, едногласно беше реизбрана г-ѓа Ленче Павловска како и Избор на нови членови на Централниот одбор на Партијата.

За потпретседатели на ПП беа избрани, г-ѓа Јелена Павловска и г-динот Вангел Димков.

Исто така беа избрани и нови членови на Извршниот одбор и Статутарната комисија на ПП.

Беше презентиран и Извештајот на Надзорниот одбор за финансиската работа на партијата за 2025 година како предлог за Финансискиот план за работа на ПП за 2027 година.

На крајот во отворена дискусија се расправаше по Извештајот на Претседателот на Партијата и Извештајот на Надзорниот одбор и едногласно се пристапи на нивно усвојување.

Како едни од главните заклучоци на Седницата на Централниот одбор, беше дека Партијата на пензионери и понатаму ќе остане принципиелно верна на своите програмски и статутарни определби за грижа и заштита на уставните права на сите граѓани и нивната социјална сигурност, демократската одговорност и нов политички пристап во решавање на општествените проблеми, доследно правно навремено и транспарентно решавање на аферите за трагедијата во Кочани и Алта банка. Исто така заклучено е дека мора да постои одговорна опозиција и потреба од политичка алтернатива во општеството, и дека младите мора да бидат новата општествена и политичка енергија на иднината на земјата.

Партијата на пензионери и понатака останува да биде глас на социјалната правда, генерациската солидарност и политичката одговорност.

Чесно, Сплотено, Одлучно !!!