Реклама

Мицкоски во посета на РЕК „Битола“: се зајакнува домашното производство за стабилна енергетска зима

Нови проекти, враќање на старите долгови, решение за водата за пиење – Струмица во првата година на градоначалникот Јанков

Изградбата на автопатот Прилеп – Битола отвора работни места, потребни над 1.200 работници од различни профили

Студентски оброк: Надлежните нудат пакет поволности, студентите бараат повисок дневен износ

Димитриеска-Кочоска прими престижно меѓународно признание за Македонија за управувањето со јавниот долг – остварена буџетска заштеда од 3,2 милиони евра

Македонија чекор поблиску до единствениот европски енергетски пазар – целосна интеграција можна во 2027 година

Денеска е „Црн петок“ – ден за шопинг со реални или нашминкани цени?

Млади иновации за подобри општини

Кристијан и Сара не се соочија во судница – судењето одложено за 1 декември

И Бугари во Устав би можеле да се бадијала: Во пристапните преговори може да има изненадувања што не се предвидени

Казните од „Сејф Сити“ ќе може да се плаќаат преку апликација од следната недела, системот стартува во Струмица и Штип, па во Битола

Пратенички прашања: Македонија пример за Европа и со пофалби од Брисел, ама критикувана од Филипче во Скопје

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ спроведува конкретни мерки за младите, и за вработување и за стекнување на свој дом

Талогот од СДСM и Венко Филипче се во тешка заблуда и кога…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Талогот од СДСM и Венко Филипче се во тешка заблуда и кога станува збор за младите и сите политики кои се преземаат од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Навистина зачудува колку и како од талогот на СДСM знаат да ги извртат работите и да лажат, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Еве неколку податоци.

Прво. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во 2025 година прв пат воведе целни мерки за младите преку Програмата за самовработување со грант, при што беа отворени речиси 2.200 нови правни субјекти. И оваа година, како и во 2025 година, Оперативниот план за вработување опфаќа над 10.000 лица и е во вредност од 40 милиони евра. Од нив, 32 милиони евра се директно наменети за мерки за вработување, при што младите повторно се во фокусот. Планот опфаќа 6.000 млади лица до 29 години, а обезбеден е и младински додаток од 3.000 денари.

Реклама

Второ. Кога станува збор за вкупната невработеност според податоците на Државен завод за статистика за третото тримесечје од 2026 година, стапката на невработеност изнесува 11,2% што е намалување за 2,4% на годишно ниво.

Да го просветлиме талогот на СДСM и со годишниот извештај на Европската комисија за Македонија од 4 ноември 2026 година. Европската комисија оценува дека земјата има подготвеност во областа на социјалната политика и вработувањето. И ЕК констатира пад на невработеноста.

Трето. Сето ова дополнето со новите мерки за младинска картичка за попусти, нула комуналии за градење на свој дом, куќа и 20 проценти пониски цени за квадратен метар станбен простор за млади до 35 години говорат за грижа за младите.

Талогот на СДСM може мирно за спие, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ повеќе од две години има нови и конкретни мерки за младите како за нивниот животен стандард, така и за стекнување на свој дом.