Реклама

Мицкоски во посета на РЕК „Битола“: се зајакнува домашното производство за стабилна енергетска зима

Нови проекти, враќање на старите долгови, решение за водата за пиење – Струмица во првата година на градоначалникот Јанков

Изградбата на автопатот Прилеп – Битола отвора работни места, потребни над 1.200 работници од различни профили

Студентски оброк: Надлежните нудат пакет поволности, студентите бараат повисок дневен износ

Димитриеска-Кочоска прими престижно меѓународно признание за Македонија за управувањето со јавниот долг – остварена буџетска заштеда од 3,2 милиони евра

Македонија чекор поблиску до единствениот европски енергетски пазар – целосна интеграција можна во 2027 година

Денеска е „Црн петок“ – ден за шопинг со реални или нашминкани цени?

Млади иновации за подобри општини

Кристијан и Сара не се соочија во судница – судењето одложено за 1 декември

И Бугари во Устав би можеле да се бадијала: Во пристапните преговори може да има изненадувања што не се предвидени

Казните од „Сејф Сити“ ќе може да се плаќаат преку апликација од следната недела, системот стартува во Струмица и Штип, па во Битола

Пратенички прашања: Македонија пример за Европа и со пофалби од Брисел, ама критикувана од Филипче во Скопје

Македонија

Конески: Луна Стефаноска избрана за потпретседателка на Европските демократски студенти – продолжува меѓународната афирмација на Унијата на млади сили

Овие денови престојувам во Брисел, каде учествувам на годишното собрание на Европските…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Овие денови престојувам во Брисел, каде учествувам на годишното собрание на Европските демократски студенти, официјалното студентско тело на Европската народна партија. Унијата на млади сили постигна уште еден голем меѓународен успех. Меѓународната секретарка на Унијата на млади сили, Луна Стефаноска, е избрана за потпретседател на Европските Демократски Студенти, изјави претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Тодор Конески, стои во партиското соопштение.

Ова е јасен индикатор за континуираниот успех којшто Унијата на млади сили го бележи на меѓународно ниво и јасен показател дека нашето место е на масата во Европа, каде што се прават најважните одлуки.

Унијата на млади сили изминатиот период макотрпно работеше за да се постигне овој уште еден голем резултат и понатаму ќе работиме во организациите каде што сме претставени во раководните тела за да продолжиме со јасна афирмација на македонските млади луѓе и да продолжиме да работиме секојдневно во нивниот интерес.

Реклама

Унијата на млади сили во втор мандат по ред има потпретседател во највисокото тело на студентската организација на Европската народна партија и тоа е нешто што ќе продолжиме да го правиме во иднина се со цел подобро претставување на младиот Македонец во меѓународните рамки.