Реклама

Македонија чекор поблиску до единствениот европски енергетски пазар – целосна интеграција можна во 2027 година

Денеска е „Црн петок“ – ден за шопинг со реални или нашминкани цени?

Млади иновации за подобри општини

Кристијан и Сара не се соочија во судница – судењето одложено за 1 декември

И Бугари во Устав би можеле да се бадијала: Во пристапните преговори може да има изненадувања што не се предвидени

Казните од „Сејф Сити“ ќе може да се плаќаат преку апликација од следната недела, системот стартува во Струмица и Штип, па во Битола

Пратенички прашања: Македонија пример за Европа и со пофалби од Брисел, ама критикувана од Филипче во Скопје

Два милиони кубни метри отпад го загрозуваат Охрид – општината работи на изработка на техничка документација

Над 2 милиони евра финансиските друштва треба да вратат на граѓаните, низа неправилности утврди „ДПИ“

Мицкоски ја прошири понудата за студентите: „М картичка“ за повеќе привилегии и поволности и надвор од учебната година

Македонија го заврши техничкиот дијалог за „Роаминг како дома“

Тилев за Алфа: Дополнителните пари од ЕУ се признание за спроведените реформи, но и поттик тие да продолжат

Македонија

Утре продолжува амандманската расправа за предлог-буџетот за 2027

Собраниската Комисија за финансирање и буџет попладнево ја продолжи амандманската расправа за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собраниската Комисија за финансирање и буџет попладнево ја продолжи амандманската расправа за предлог-буџетот за 2027 година, на која беа разгледани 19 амандмани поднесени од опозицијата кои се однесуваа на обезбедување на дополнителни средства за инфраструктурни проекти, за развој на земјоделството  и спроведување на активности за младите.

Од сите разгледани амандмани, беше прифатен само еден амандман поднесен од „Европски фронт“, кој се однесуваше на обезбедување на средства во износ од 1.720.000 денари за поддршка на младите категории на граѓани. За предложениот буџет поднесени се 400 амандмани од овластени предлагачи. 

Заменик-министерот за финансии, Николче Јанкуловски рече дека амандманот е прифатлив, но во видоизменета форма.

Реклама

-Амандманот се однесува за поддршка на младите категории на граѓани, истиот се прифаќа видоизменет наместо намалување на раздел 04001 Влада на Македонија, програма 1, потпрограма 10, администрација, категорија 42, стоки и услуги, расходна ставка 425, договорни услуги да се изврши намалување на раздел 09002 Министерство за финансии, функција на државата, потпрограма 20, функции и расходна ставка 426, други тековни расходи – нагласи заменик-министерот Јанкуловски.

Другите поднесени амандмани од „Европски фронт“ се однесуваа за обезбедување дополнителни финансиски средства за реализација на втората фаза од системот за наводнување во Дебар, за рурален развој, за реконструкција и санација на градинката „Резија“ во липковско Оризари и за изградба на детски градинки низ државата.

Разгледаните амандмани од СДСМ и коалицијата се однесуваа на обезбедување дополнителни средства за изградба на агро-берза за грозје и земјоделски производи во Кавадарци, спроведување постапка за јавна набавка и изработка на првата фаза од физибилити-студијата за хидросистемот на Киселичка Река во Крива Паланка. Со нив се бараше и зголемување на средствата за финансиска поддршка на земјоделските и сточарските производители во 2026 година, продолжување на подмерката за ревизија, ажурирање и дополнување на постојната физибилити-студија за ски-центарот „Царев Врв“, доделување два милиони денари за Сојузот на борците од Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија и граѓаните продолжувачи, како и дополнителни 40 милиони денари согласно членот 18, ставовите 1, 2 и 3 од Законот за игрите на среќа и за забавните игри, наменети за финансирање на националните инвалидски организации, нивните здруженија, асоцијацијата на здруженија на граѓани за борба против насилството врз жените и семејното насилство и Црвениот крст на Република Македонија, врз основа на програма изготвена и поднесена од Министерството за социјална политика, демографија и млади, а усвоена од Владата.

Дополнителните барања се однесуваа и на изградба на современ младински центар во Прилеп, спроведување младински политики и активности во рамки на Министерството за социјална политика, демографија и млади, како и обезбедување 30 милиони денари за спроведување активности од Националната развојна стратегија 2024–2044, поврзани со предизвиците во областа на демографијата и социјалниот развој во државата.

Поднесените амандмани од Левица се однесуваа за рехабилитација, модернизација и проширување на постоечките системи за наводнување, како и за изградба на нови системи за наводнување, за изградба на дестилерија во Кавадарци, за развој на рурална економија и зголемување на капацитети за преработка, складирање и за складирање на земјоделски производи.

Седницата на Комисијата за финансирање и буџет со разгледување на предлог-буџетот за 2027 година продолжува утре во 11 часот.