Реклама

Македонија чекор поблиску до единствениот европски енергетски пазар – целосна интеграција можна во 2027 година

Денеска е „Црн петок“ – ден за шопинг со реални или нашминкани цени?

Млади иновации за подобри општини

Кристијан и Сара не се соочија во судница – судењето одложено за 1 декември

И Бугари во Устав би можеле да се бадијала: Во пристапните преговори може да има изненадувања што не се предвидени

Казните од „Сејф Сити“ ќе може да се плаќаат преку апликација од следната недела, системот стартува во Струмица и Штип, па во Битола

Пратенички прашања: Македонија пример за Европа и со пофалби од Брисел, ама критикувана од Филипче во Скопје

Два милиони кубни метри отпад го загрозуваат Охрид – општината работи на изработка на техничка документација

Над 2 милиони евра финансиските друштва треба да вратат на граѓаните, низа неправилности утврди „ДПИ“

Мицкоски ја прошири понудата за студентите: „М картичка“ за повеќе привилегии и поволности и надвор од учебната година

Македонија го заврши техничкиот дијалог за „Роаминг како дома“

Тилев за Алфа: Дополнителните пари од ЕУ се признание за спроведените реформи, но и поттик тие да продолжат

Македонија

Уставниот суд го укина Колективниот договор за култура и членот 78-љ од Законот за култура, одлуката ќе стапи во сила по пет месеци

Уставниот суд на денешната седница го укина Колективниот договор за култура и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Уставниот суд на денешната седница го укина Колективниот договор за култура и членот 78-љ од Законот за култура, но со одложено правно дејство до април 2027 година. Одлуката ќе стапи во сила по пет месеци, а не веднаш, со цел да се остави доволно време за социјален дијалог меѓу Министерството за култура и синдикатите и за постигнување нов колективен договор, усогласен со Уставот и законите.

Како што информираат од Уставниот суд, при определувањето на одложеното правно дејство на одлуката биле земени предвид бројот на вработените опфатени со Колективниот договор, нивната егзистенцијална и финансиска сигурност, како и потребата од обезбедување континуитет во остварувањето на правата од работен однос.

Судот спровел темелна и сеопфатна постапка во која ја оценувал уставноста и законитоста на Колективниот договор во целина, како од аспект на постапката за неговото донесување, така и од аспект на неговата содржина.

Реклама

Уставниот суд оценил дека не е во согласност со Уставот тоа што со Колективниот договор се конкретизираат и разработуваат прашања кои, според својата природа, треба да бидат уредени со закон. Методологијата за пресметување на платите, наместо да биде законски уредена, е утврдена со Колективниот договор, со кој дополнително се определуваат коефициентите и се дефинира системот на плати. Со ваквото нормативно уредување, според Судот, е доведено во прашање начелото на владеење на правото, како темелна вредност на уставниот поредок.

Дополнително, од уставносудската анализа произлегло дека начинот на утврдување на основната плата и додатоците на плата во Колективниот договор се уредени различно од начинот предвиден во членот 78-љ од Законот за култура. Ваквата неусогласеност е спротивна на членот 51 од Уставот, согласно со кој законите мора да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон.

Судот оценил дека со оспорената законска одредба, членот 78-љ, засегнато е и начелото на владеење на правото. Од нејзината содржина произлегува дека законодавецот не ги утврдил суштинските елементи на системот на плати, ниту пропишал јасни критериуми, параметри или ограничувања врз основа на кои би се определувале платите, туку оваа обврска ја пренел на основачот на јавната установа.

Притоа, законодавецот не определил ниту на кој начин, ниту со кој правен акт основачот би го уредил утврдувањето на платите.

Уставниот суд оценил и дека оспорената одредба не е во согласност со членот 9 од Уставот, кој го гарантира начелото на еднаквост на граѓаните. Ваквата законска поставеност отвора можност различни основачи да воспостават различни модели и критериуми за утврдување на платите за исти или слични работни места, со што се создава можност за нееднаков третман на вработените во јавните установи од иста дејност.

Во врска со јавно изнесените тврдења дека на Синдикатот на културата на Македонија не му било овозможено да ги изнесе своите аргументи, Уставниот суд информира дека во текот на постапката се обратил до СКРМ, како еден од потписниците на оспорениот Колективен договор, со барање да се произнесе во определен рок.

За разлика од Министерството за култура, Владата и Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК), кои доставиле одговори, од СКРМ не бил добиен одговор во определениот рок. Оттука, според Судот, не се основани тврдењата дека на Синдикатот не му била дадена можност да ги изнесе своите ставови и аргументи во рамките на уставносудската постапка.

Уставниот суд нагласува дека го почитува уставно загарантираното право на мирен протест, јавно изразување на ставовите и незадоволството, вклучително и изборот на начинот и симболиката преку кои граѓаните ги пренесуваат своите пораки.

Од Судот наведуваат дека ја разбираат загриженоста на вработените во културата, поради што при определувањето на правното дејство на одлуката особено воделе сметка за нивната егзистенцијална сигурност и за социјалните и економските последици од одлучувањето.

Уставниот суд посочува дека нема надлежност да ги оценува барањата на културните работници за повисоки плати и подобри услови за работа, туку негова уставна надлежност е да ја оценува усогласеноста на правните акти со Уставот и законите.

Судот наведува дека останува доследен на својата уставна функција, одлучувајќи самостојно, независно и непристрасно, исклучиво врз основа на Уставот и во рамките на своите уставно утврдени надлежности.