Реклама

Македонија чекор поблиску до единствениот енергетски европски пазар – целосна интеграција можна во 2027-ма година

Мицкоски по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги, се бориме за нашите аргументи

Општествена одговорност на дело, нов спортски терен од „Видеолотарија на Македонија“ за младите во Куклиш

Очајничка потрага по „бугарски жртви“ – нов пораз на обидите за монтажи на Бугарите

Самит ЕУ- Западен Балкан: Македонија е најдобра, испорачува реформи, на ред е Брисел

Сите повици и тимови на едно место-Скопје добива Центар за итна медицинска помош

Стоп за насилството врз жените, се бараат 7 милиони евра годишно и построги законски мерки за насилниците

Прв форум за енергетска дипломатија во Скопје, Македонија на пат кон енергетска независнот

Владата изгуби трпение – за 24 часа најде решение за проблемот со кравите во Крива Паланка

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Македонија

Работилница за разните стилови на лидерство и деловниот успех

– Работилница на тема „Лидерство за резултати: Различни стилови на лидерство и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Работилница на тема „Лидерство за резултати: Различни стилови на лидерство и деловен успех“ ќе се одржи денеска на Економскиот факултет во Скопје со почеток во 10 часот, со учество на успешни жени и мажи менаџери кои ќе ги споделат своите практични лидерски искуства, соопшти Канцеларијата на Обединетите нации во Скопје. 

-Ефективното лидерство е една од најважните детерминанти на деловните перформанси, иновациите, ангажманот на вработените и долгорочната конкурентност. Искуството на успешните компании покажува дека не постои единствен модел на ефективно лидерство. Истовремено, жените и натаму се недоволно застапени на највисоките менаџерски позиции, иако сè повеќе докази покажуваат дека различните лидерски тимови придонесуваат за подобри резултати, иновации и отпорност – се вели во најавата.

Работилницата има цел да го промовира разбирањето за тоа како различните стилови на лидерство придонесуваат за деловен успех и конкурентност, како и да поттикне дијалог за инклузивно лидерство и поголемо учество на жените на менаџерски и извршни позиции. Настанот ќе ги обедини деловните лидери, академската заедница, креаторите на политики, студентите и развојните партнери.

Реклама

Модераторка на работилницата ќе биде проф. д-р Николина Паламидовска-Стерјадовска. На отворањето се предвидени поздравни обраќања на деканот на Економскиот факултет, проф. д-р Мијалче Санта, и постојаната координаторка на ОН во земјава, Рита Колумбиа.

На панел-дискусијата ќе учествуваат Елена Младеновска Јеленковиќ, извршна директорка на М6, Горги Петрушев, генерален директор на „Бимилк“, Мерита Рамадани Алими, извршна директорка на „Билд тех компани“, Владимир Трпаноски, комерцијален директор на „Витаминка“ АД, Загорка Блажевска, извршна директорка на „Вита Нова – ЗА“, и Мустафа Мустафа, генерален директор на „Рекрутива-ХР“.

Во првиот панел, насловен „Што ги прави лидерите успешни? Различни патишта до деловна извонредност“, учесниците ќе зборуваат за принципите и практиките на успешно лидерство, клучните предизвици и научените лекции, влијанието на различните лидерски стилови врз перформансите и иновациите, како и за лидерските вештини потребни во иднина.

Потоа ќе следува интерактивен дел посветен на лидерските перспективи, во кој учесниците ќе дискутираат за најважниот лидерски квалитет, пречките и можностите за посилни лидерски кадри, како и за поддршката на рамнотежата меѓу работата и приватниот живот и еднаквите можности за жените и мажите лидери.

Во разговорот „Следната генерација лидери“ ќе бидат презентирани лични примери за кариерните патеки и менторството, развојот на таленти и можностите за младите професионалци, како и надминувањето на лидерските стереотипи преку резултати и компетентност. Работилницата ќе заврши со заклучоци од модераторката и завршни зборови од организаторот.

Меѓу очекуваните резултати се размена на практични лидерски искуства, зголемена свест за различните модели на лидерство, поголема видливост и признавање на жените како деловни лидери, како и посилно вмрежување меѓу бизнисите, академската заедница и креаторите на политики – се додава во најавата.