Реклама

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Во Македонија подобро се живее од пред три години, кога власта ја водеа СДСМ и ДУИ

Македонија

Македонскиот КИЦ во Загреб: Врвна уметничка вечер – преполна сала, голем интерес за изложбата за Мајка Тереза и овации за Лазаревски и Стојчески

Големиот интерес на хрватската публика, одличниот прием на изложбата на НУ „Спомен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Големиот интерес на хрватската публика, одличниот прием на изложбата на НУ „Спомен куќа на Мајка Тереза“ и овациите за извонредниот музички настап на Владимир Лазаревски и Александар Стојчески ја одбележаа најновата културна вечер во македонскиот КИЦ во Загреб, пишува во денешното соопштение.

Пред преполна сала и бројна публика, македонскиот КИЦ во Загреб организираше настан на кој беа обединети две значајни уметнички содржини: изложбата „Од Скопје до вечноста – Мајка Тереза и Загреб“, подготвена од НУ „Спомен-куќа на Мајка Тереза“, и концертот камерното дуо Александар Стојчески (виола) и Владимир Лазаревски (обоа), со специјалното гостување на реномираната пијанистка Нина Костова.

На почетокот на настанот се обратија амбасадорот на Македонија во Република Хрватска, Н. Е. Драган Ѓурчевски, директорката на македонскиот КИЦ во Загреб, Мими Ѓоргоска Илиевска, и директорката на НУ „Спомен-куќа на Мајка Тереза“, Соња Кузмановска.

Реклама

Меѓу присутните беа бројни љубители на уметноста и културата, високи претставници на државни и локални институции во Загреб, членови на дипломатскиот кор, сестри на милосрдието, претставници на верските заедници и други гости. Разновидниот состав на публиката и големиот одѕив уште еднаш го потврдија значењето на културните настани како простор за дијалог, меѓусебно запознавање и продлабочување на македонско-хрватските културни врски.

Посебно внимание привлече изложбата „Од Скопје до вечноста – Мајка Тереза и Загреб“, реализирана од Националната установа „Спомен-куќа на Мајка Тереза“ од Скопје. Преку четириесетина внимателно одбрани архивски фотографии и документи, поставката претстави значајни моменти од животниот пат на Мајка Тереза, ставајќи посебен акцент на нејзината поврзаност со Загреб. Со спојот на традиционалната музејска презентација и современите дигитални можности, изложбата им овозможи на посетителите да се запознаат со помалку познати детали од животот на големата хуманитарка. Авторка на изложбата е вишата кустоска Цветанка Вучковска Митовска.

Загреб зазема посебно место во животната приказна на Мајка Тереза. Токму од овој град, во 1928 година, младата Агнес Гонџа Бојаџиу го продолжила својот пат кон Ирска, каде што го започнала својот монашки живот. Особено е интересно што токму во Загреб е направен и нејзиниот последен фотографски портрет како Гонџа, пред да тргне по патот што ќе ја одведе во Индија и ќе ја направи една од најпрепознатливите хуманитарки во светот.

Силен уметнички впечаток остави и концертот на камерното дуо Александар Стојчески и Владимир Лазаревски. Нивната виртуозност, музичка зрелост и впечатлива интерпретација на програмата беа наградени со долготрајни аплаузи и овации од публиката. Концертната вечер доби дополнителна уметничка димензија со настапот на реномираната пијанистка Нина Костова.

Со исклучителниот прием на изложбата и концертот, оваа културна вечер прерасна во настан што ги надмина рамките на вообичаената уметничка презентација. Обединети во една целина, изложбата и музичкиот настап воспоставија посебен дијалог меѓу културното наследство, уметничкото изразување и универзалните човечки вредности. Во центарот на таа средба се најдоа хуманоста, љубовта и солидарноста – вредности што не познаваат национални и јазични граници и што на оваа вечер ѝ дадоа пошироко, трајно значење.

Настанот е дел од годишната програма на Македонскиот КИЦ во Загреб, поддржан од Министерството за култура и туризам, а неговата успешна реализација е уште една потврда за посветеноста и професионалниот ангажман на македонскиот КИЦ во Загреб во промоцијата и афирмацијата на македонското културно творештво. Со внимателно осмислени програми и содржини со високи уметнички вредности, македонскиот КИЦ во Загреб ја претставува македонската култура пред хрватската јавност, истовремено создавајќи нови можности за културна соработка и поврзување. Ваквите настани ја потврдуваат значајната улога на културната дипломатија во поттикнувањето на меѓусебното зближување и разбирање, преку уметноста, заедничките вредности и непосредната комуникација.