Реклама

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Во Македонија подобро се живее од пред три години, кога власта ја водеа СДСМ и ДУИ

Македонија

МЕД ги додели првите стипендии за студенти од Преспа, финансирани од ЕУ

Македонското еколошко друштво (МЕД) ги додели првите стипендии за четворица студенти од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонското еколошко друштво (МЕД) ги додели првите стипендии за четворица студенти од Преспа, кои своето образование го продолжуваат во областа на природните науки. Стипендиите се во износ од 400 евра месечно и се обезбедени преку проект финансиран од Европската Унија, со кофинансирање од Фондот за природа „Преспа – Охрид“ (ПОНТ).

Стипендиите се наменети за матуранти и студенти од Преспа кои се определиле за студии во областите на екологијата, биологијата, шумарството и земјоделските науки, со цел да се поттикнат образованието и создавањето локални стручни кадри, кои во иднина ќе придонесуваат кон истражувањето и зачувувањето на природното богатство на регионот.

– Зачувувањето на природата на Преспа не зависи само од добрите иницијативи и проекти, туку и од луѓето што имаат знаење и стручност да се грижат за неа. Затоа сметаме дека поддршката на младите од регионот, кои се определуваат за студии во областа на природните науки, е особено важна – вели Даниела Заец, координаторка на локалната канцеларија на Македонското еколошко друштво во Ресен.

Реклама

Таа посочува дека целта не е само финансиска поддршка за време на студиите, туку и поттик младите своето образование и професионалниот развој да ги поврзат со природата и предизвиците на регионот од кој потекнуваат.

Првите добитници на стипендиите се Александар Димитриевски, Александар Филиповски и Виктор Малинчевски, студенти на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје, како и Димитар Нечовски, студент на Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“.

Покрај финансиската поддршка, стипендистите ќе бидат вклучени и во менторска програма на МЕД, која ќе се реализира во соработка со локалните заштитени подрачја – Паркот на природата „Езерани“, Националниот парк „Галичица“ и Националниот парк „Пелистер“.

Преку учеството во теренската и истражувачката работа, студентите ќе имаат можност да стекнат практични знаења и искуства, како и да се вклучат во активностите за мониторинг и заштита на биолошката разновидност.

Од Македонското еколошко друштво ги охрабруваат заинтересираните матуранти и студенти од Преспа да ги следат информациите за можностите за стипендирање. Повеќе информации за условите и постапката за аплицирање може да се добијат и во локалната канцеларија на МЕД во Ресен.

Програмата за стипендирање ќе се спроведува до учебната 2028/2029 година во рамките на проектот „Иницијатива за зелена и сина Преспа – зајакнување на заштитата преку истражување, едукација и комуникација“, финансиран од Европската Унија преку програмата „ЕУ за Преспа“ и кофинансиран од Фондот за природа „Преспа – Охрид“ (ПОНТ).