Реклама

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Во Македонија подобро се живее од пред три години, кога власта ја водеа СДСМ и ДУИ

Македонија

Две третини од домаќинствата во Македонија се без деца, во ЕУ речиси 77 проценти

– Во Македонија 66,1 отсто од домаќинствата во 2025 година биле без…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Во Македонија 66,1 отсто од домаќинствата во 2025 година биле без деца, а 33,9 отсто имале издржувани деца, покажуваат податоците на Евростат за структурата на домаќинствата. За разлика од европскиот просек, каде што 76,6 отсто од домаќинствата немаат деца, во земјата уделот на домаќинствата со деца е значително повисок и изнесува 33,9 отсто наспроти 23,3 отсто во Европската Унија.

Во Македонија во 2025 година имало вкупно 595.600 домаќинства, од кои 393.400 биле без деца, а 202.200 со издржувани деца.

Просечниот број деца од домаќинство изнесувал 0,60, што претставува намалување за 25 отсто во споредба со 2015 година кога бил 0,80.

Реклама

Просечната големина на домаќинството во земјата изнесувала меѓу 3,1 и 3,2 члена, што е повеќе од европскиот просек од речиси 2,3 члена.

На ниво на ЕУ, уделот на домаќинствата со деца континуирано се намалува во изминатите 15 години. Во 2010 година изнесувал 26,9 отсто, во 2015 година 25,9 отсто, во 2020 година 25 отсто, а во 2025 година паднал на 23,3 отсто. Тоа значи дека речиси осум од десет домаќинства во ЕУ немаат деца.

Во истиот период се зголемил уделот на домаќинствата составени од едно возрасно лице без деца – од 33,6 отсто во 2015 година на 37,5 отсто во 2025 година. Наспроти тоа, уделот на домаќинствата составени од двојки со деца се намалил од 16,6 на 14,7 отсто.

Меѓу земјите членки на ЕУ најголем удел на домаќинства составени од двојки со деца има Словачка со 20,3 отсто по што следуваат Кипар со 19,6, Чешка со 18,4 и Луксембург со 18,3 отсто.

Домаќинствата составени од едно возрасно лице со деца сочинувале три отсто од вкупниот број домаќинства во ЕУ. Најголем удел на вакви домаќинства има Естонија со 9,4 отсто, Летонија со седум и Ирска со 6,9 отсто.

Од друга страна, домаќинствата составени од едно лице без деца биле најзастапени во Литванија, каде што нивниот удел изнесувал 62,5 отсто. Следуваат Естонија со 53,8 и Финска со 47,9 отсто.