Лишени од слобода се шест лица, евидентирани 14 сообраќајни прекршоци при синоќешната акциска контрола до раните утрински часови во Скопје, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.
Во периодот од 20 часот синоќа до 6 утрово, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи – Скопје спровеле акциска контрола, по претходно изготвен план за преземање на зајакнати мерки и активности за одржување на поволна безбедносна состојба на централно градско подрачје.
– При контролата извршени се проверки на идентитет на 34 лица, извршен е преглед кај 25 лица, а прегледани се четири возила. За време на контролата констатирани се 14 прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, извршена е контрола во осум угостителски објекти и клубови за автоматски игри на среќа, приведени се две лица – странски државјани, едно лице е приведено по член 15 од Закон за лична карта. Притоа, лишени од слобода се две лица за сторено Кривично дело по член 215 од Кривичниот законик, а едно лице е лишено по член 297а од Кривичниот законик. За време на акцијата извршено е превентивно делување од страна на полициските службеници со непосредно присуство и со постојани обиколки и повремени задржувања во паркот во Капиштец, лоциран на улицата Народен Фронт 66, потоа на булеварот Партизански Одреди бб, како и кај игралиштето наречено „Дрвен Град“, лоцирано на улицата Славка Недиќ поради секојдневното собирање на малолетни лица на дел од локациите – појаснија од МВР.
Извршени биле проверки и во повеќе угостителски објекти, при што не биле забележани неправилности, односно не биле затекнати малолетни лица кои консумираат алкохол.
– Акциските контроли продолжуваат и во наредните денови – додадоа од МВР.

