Реклама

Судење за соѕиданите 350 илјади евра – одбраната ја оспорува ДНК трагата на парите

Нема повредени во пожарот во ГОБ „8 Септември“, отпушок од цигара најверојатно причина за огнот

Дипломатска офанзива на Мицкоски: Важно е да се презентираат позициите на Македонија, кои некои не ги поддржуваат, ниту разбираат

Народната банка ја проверува документацијата на кандидатите за купување на „Алта банка-Битола“

Трамп, Путин и Си во заедничка изјава: Нуклеарна војна не смее да има

Германија ја преполовува квотата за работници од Западен Балкан, работа за квалификувана работна сила има во Македонија

Нa негирањата треба да се одговори со наука и аргументи – Институтот за историја одбележува 80 години постоење

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ го доставија акцискиот план за кравите во Крива Паланка – предлагаат шест итни мерки

Војна за тронот: Груби и Османи се гледаат преку нишан што ја зголемува можноста за длабок раскол во ДУИ

Полиција влезе во „Макстил“ – се истражува еколошки криминал

Дипломати и безбедносни експерти алармираат Македонија да го отвори прашањето пред странскиот фактор за роварење на бугарските служби во случајот „Михаилова“

Префрлена нова транша од унгарскиот кредит, досега пласирани 242 милиони евра

Македонија

Средба Андоновски – Сивањанам: Обединетото Кралство и Македонија делат интерес за безбедни и отпорни дигитални системи

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски денеска остварил средба со новоименуваната амбасадорка…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски денеска остварил средба со новоименуваната амбасадорка на Обединетото Кралство, Маја Сивањанам, со која разговарале за досегашната плодна стратешка соработка меѓу двете земји и за можностите што ги отвора во областа на дигиталната трансформација.

– Денеска, ѝ посакав добредојде на новоименуваната амбасадорка на Обединетото Кралство, Маја Сивањанам. Разговаравме за досегашната плодна стратешка соработка меѓу двете земји и за можностите што ги отвора нашето партнерство во областа на дигиталната трансформација. Особено ја цениме британската поддршка за зајакнување на кибербезбедноста на нашите институции – наведува Андоновски во објавата на „Фејсбук“.

Министерот истакнува дека важен дел од нашето партнерство е и соработката со Британскиот совет преку програмата „Училишта на 21 век“, со која го поддржуваме развојот на дигиталните вештини кај младите.

Реклама

– Со амбасадорката разговаравме и за тоа како британското искуство може да ни помогне во следните чекори од дигиталните реформи во Македонија. Наш интерес е оваа соработка да придонесе за јавни услуги, на кои граѓаните може да се потпрат и за повеќе можности младите да го применат своето знаење – вели Андоновски во објавата.

Од своја страна, британската амбасадорка на социјалните мрежи објави дека со министерот дискутирале за дигиталната трансформација и зајакнувањето на киберотпорноста.

– Како сојузници во НАТО, Обединетото Кралство и Македонија делат интерес за безбедни и отпорни дигитални системи. Нашето партнерство опфаќа сè – од зајакнување на кибербезбедноста и споделување на британската експертиза, па сè до оспособување на новата генерација со вештини за програмирање, критичко размислување и дигитални вештини, преку програмата ’Училишта за 21 век‘ на Британскиот совет – наведува Сивањанам во објавата на „Фејсбук“.