Кој и како ѝ овозможил на Ива Михаилова да избега од Македонија – Бирото за јавна безбедност работи на утврдување на околностите. Надлежните не соопштуваат повеќе детали, освен што официјално е потврдено дека таа нелегално ја поминала границата. На ниту една од граничните камери не е забележана осомничената за сообраќајката со смртни последици.