Реклама

30-дневен притвор за Кристијан Корабоски, кој до бесознание ја претепа Сара

Панел-дискусии во Собранието по повод 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав

Успешен старт на предвремениот откуп на тутунот – 435 денари за прва класа, најавено зголемување на субвенциите

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Кравите од Крива Паланка стигнаа до НАТО: градоначалникот бара меѓународна помош

АНБ и БЈБ открија проиранска мрежа која обучувала македонски државјани за атентат во Грција

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Прилози

Панел-дискусии во Собранието по повод 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав

При секоја промена на Уставот треба да ви се тресе раката. Не…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

При секоја промена на Уставот треба да ви се тресе раката. Не од трема, туку од одговорност. Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова предупреди дека највисокиот правен акт во државата не смее да продолжи да се третира како што беше случај досега. Рекордните промени досега, во најголем дел со меѓународен притисок, според неа го прават највисокиот акт различен од останатите, за кои вели дека почнуваат со терминот „Ние, народот“, а само кај нас, нагласи претседателката, тоа е поинаку. Дури вели дека можеби треба и да се размисли во него да пишува „Ние, народот и меѓународната заедница“.

Претседателката предупреди дека за Уставот треба во континуитет да се расправа, дебатира и разговара од страна на експертите и пратениците, а не само кога за тоа има меѓународен притисок.

За претседателот на Собранието, Африм Гаши, низата уставни измени придонеле за развој на македонското општество. Сега тој ја обезбедува сигурноста и стабилноста на државата и го отсликува општеството како целина.

Реклама

Македонскиот Устав и Уставот на Словенија, по распадот на Југославија во 1991 година, од „Бадентеровата комисија“, составена од европски уставни експерти, се прогласени за најдемократски. Поради тоа, комисијата дала предлог веднаш двете држави да бидат признати од Европската заедница. Сепак, Македонија остана заглавена поради блокадите од Грција. Веќе во 1992 година се направени првите уставни измени, а статистички, Уставот преку амандмани претрпува измени во просек еднаш годишно.