СДСM ја побара надзорната расправа за Алта банка, па откога излезе на виделина вистината, не го закажуваат продолжетокот. СДСM и Филипче беа гласни за Алта банка, се до моментот кога се дозна во јавноста дека тие биле првите кои му продале акции на Мацура и на самата Алта банка, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешнат апрес-конференција на Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Со денови молчат и не кажуваат зошто во 2023 година не излегоа на прес-конференција да ги известат граѓаните дека ќе ги продадат државните акции, на тие како што велат, криминалецот Мацура и неговиот сомнително стекнат капитал во Алта банка.
Од страв дека може да се дознаат повеќе информации, продолжение на надзорната расправа во Собранието се уште не се закажува.
Сега на граѓаните им е јасно зошто СДСM и Филипче толку зборат за некаков српски свет во Македонија.
Основоположници и негуватели на српскиот свет во Македонија се токму Филипче и СДСM.

