Реклама

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Алта банка официјално на продажба- прва јавна аукција по принципот „се или ништо“ на 30-ти ноември

Играње по бугарски ноти: Сметката за бегството стигна за наплата – Ива Михаилова претворена во медиумска алатка на Софија

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Нов удар за „СДСМ“: Триесеттина членови од OO Ѓорче Петров преминаа во „ЗНАМ“

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Од илјадници стада до напуштени пасишта – Галичица се соочува со природна промена

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Македонија

Општина Ѓорче Петров инвестира во зелена иднина преку нови енергетски иницијативи

Општина Ѓорче Петров продолжува да ги зајакнува своите активности за енергетска ефикасност,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Ѓорче Петров продолжува да ги зајакнува своите активности за енергетска ефикасност, зелена мобилност и одржлив локален развој, потврдувајќи ја својата определба за создавање современа и еколошки одговорна општина.

На настанот „Енергетски заедници во локалната самоуправа: Од соларна енергија до зелена мобилност – II“, Општина Ѓорче Петров го претстави својот придонес во развојот на енергетските заедници и успешната соработка со граѓанскиот сектор и стручните организации.

Во рамки на иницијативата се издвојуваат два значајни проекти кои претставуваат конкретен чекор кон поодржлива иднина. Првиот проект се однесува на унапредување на зелената мобилност, преку поставување полнач за електрични возила на паркингот на Општина Ѓорче Петров, во партнерство со здружението „Go Green“.

Реклама

Вториот проект предвидува воспоставување иновативен агри-фотоволтаичен систем во ООУ „Димитар Поп-Георгиев Беровски“, преку проектот „Community Solar Garden“, во соработка со здружението „Изгрејсонце“. Со оваа иницијатива се отвораат нови можности за користење на сончевата енергија и примена на современи одржливи решенија во образовните установи.

Посебно признание беше упатено до здруженијата „Go Green“ и „Изгрејсонце“, како и до SmartAP – Лабораторијата за социјални иновации и сите партнери кои со својата стручност, посветеност и иницијативност придонесуваат за реализација на овие проекти. На настанот беа доделени и благодарници како знак на признание за нивниот придонес и успешната соработка.

Ваквите партнерства се особено важни за креирање и спроведување проекти кои носат конкретни придобивки за граѓаните. Локалната самоуправа останува посветена на поддршка на иновативни идеи, здружување на капацитетите и воспоставување соработки кои создаваат долгорочни вредности.