Реклама

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Алта банка официјално на продажба- прва јавна аукција по принципот „се или ништо“ на 30-ти ноември

Играње по бугарски ноти: Сметката за бегството стигна за наплата – Ива Михаилова претворена во медиумска алатка на Софија

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Нов удар за „СДСМ“: Триесеттина членови од OO Ѓорче Петров преминаа во „ЗНАМ“

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Од илјадници стада до напуштени пасишта – Галичица се соочува со природна промена

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Економија

Димитриеска-Кочоска: Во 2027 година нема да има промена во даночните стапки

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска уверува дека во 2027 година нема да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска уверува дека во 2027 година нема да има промена на даночните стапки. Приходната страна на Буџетот за 2027 година, вели таа, е многу внимателно проектирана заради глобалната неизвесност, но и во такви услови има предвиден раст на платите, пензиите, а и повеќе средства за судството и за реализација на капиталните проекти. 

Средства ќе има и за набавката на автобуси и за амбулантните возила, вели министерката за финансии. 

Таа вели дека буџетот за 2027 година бил еден од најтешките за проектирање имајќи ја предвид неизвесноста со глобалните случувања, но дека сепак се обезбедени средства за сите обврски шти ги има државата. 

Реклама

Притоа, два милиони евра се за амбулатни возила, 1,7 милијарди денари за набавка на автобуси за јавниот градски превоз, а за поддршка на компаниите преку Министерството за економија и труд и преку оперативниот план за вработување предвидени се 5,9 милјарди денари..

Повеќе средства се обезбедени за судската власт и Јавното обвинителство, со раст на средствата за судството од 19%, а за Јавното обвинителство од 9%. Зголемен е и Буџетот за одбраната каде се издвојува 2% од БДП.

Во однос на капиталните расходи наведе дека од 2025 година е направена нова методологија за прикажување на капиталните расходи во Буџетот и  дека доколку се примени истата методологија која не ги вклучува трансферите и субвенциите ќе се добие реалната слика за капиталните инвестиции и во претходните години.

Согласно податоците, како што наведе министерката во 2020 година се реализирале 13,8 милијарди денари, во 2021 година 16,3 милијарди денари, во 2022 година 19,5 милијарди денари, во 2023 година 35,5 милијарди денари, во 2024 година 23,9 милијарди денари, во 2025 година 28,5 милијарди денари, а сега заклучно со окотомври има реализација на 27 милијарди денари. За следната година во ставката капитални расходи се предвидени 40,8 милијарди денари.