Реклама

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Алта банка официјално на продажба- прва јавна аукција по принципот „се или ништо“ на 30-ти ноември

Играње по бугарски ноти: Сметката за бегството стигна за наплата – Ива Михаилова претворена во медиумска алатка на Софија

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Нов удар за „СДСМ“: Триесеттина членови од OO Ѓорче Петров преминаа во „ЗНАМ“

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Од илјадници стада до напуштени пасишта – Галичица се соочува со природна промена

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Хаџи Василева ќе ги чисти пајажините од милионските афери што ги остави Абази

Цветниот букет со кој Абази ја дочека неговата наследничка Хаџи-Василева тежи многу…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Цветниот букет со кој Абази ја дочека неговата наследничка Хаџи-Василева тежи многу повеќе од тоа што налик изгледа – „Мазут“, „Соравија“, „Еуровиа“, мито за функционери и предмети зад кои стојат милионски суми, но и случаи во фиока се само дел од тешките предмети што и ги остава во наследство. Новата шефица на клучното Обвинителство за борба против високиот криминал и корупција е пред сериозен тест – да го крене угледот на институцијата со разрешница на истрагите што со години се влечат низ обвинителските лавиринти. Ветува дека приритет ќе и бидат високо профилните случаи.

  • „Сите предмети за кои интерес ќе биде и се дава динамика, природно, и ќе се даде динамика, а има и многу предмети кои се работат тековно и треба да се работат. Оттука приоритетите ќе бидат идните предмети кои ќе се однесуваат на ефикасен кривичен прогон, а и овие предмети за кои јасно е дека јавноста има висок интерес… За ОЈО ГОКК има и благо зголемување во буџетот, но ќе се трудиме да го направиме најдобро. Буџетските прашања се еден сегмент а најгорливо во јавнообвинителската служба, а и недостатокот на јавни обвинители“ рече Искра Хаџи Василева – Нов шеф на ОЈО за ГОКК.

И таа, како и сите обвинители се жали во врска со немањето пари, но смета дека поголем проблем во моментов е екипираноста – обвинители, истражители, компјутерџии.  Кратко рече дека просториите ѝ се добро познати, но сега има поинакво чувство за амбиентот поради новата позиција. Искажа и благодарност за гестот на Абази, со пофални зборови за цветниот аранжман. А тој – како што дојде, така и заминува. Го заврши четири годишниот мандат, без епилог за најголемите афери и прогон на високи функционери. Истрагите дочекаа пајажини во Обвинителството, но тоа не го спречи Абази да се пофали дека работеле непристасно без надворешно влијание во предметите. За аферата со набавка на токсичен мазут за потребите на ТЕЦ Неготино и РЕК Битола, во која беше опфатен и газдата на „Пуцко Петрол“ Асмир Јахоски, се правда дека затоа биле тука вишите обвинители да ја следат нивната работа.

  • „Не е само тој предмет. Во обвинителството, како што кажа во неколку наврати се носат одлуки, оштетените секако имаат право на жалба, затоа е таа двостепеност, затоа е тука Вишото јавно обвинтиелство, доколку од страна на основните јавни обвинителства е нешто пропуштено, се даваат насоки, се задолжува кон истите јавни обвинителства да ја продолжиме постапката по насоки кои ни се дадени од повисокото ЈО. Откако ќе се прибават сите докази и сите дејствија што е побарано, тогаш обвинителот од ОЈО ГОКК ќе донесе јавно обвинителска одлука“ рече Абази.

Инаку, Хаџи Василева има 11-годишно обвинителско искуство. Почна во Основното јавно обвинителство Скопје, а од 2024 година е обвинителка во Обвинителството за гонење на организираниот криминал и корупцијата со кое сега ќе раководи. Ова значи дека работната средина веќе ѝ е позната. За нова шефица беше избрана 28 октомври на непосредни избори. Покрај нејзиното, на гласачкото ливче беа имињата на уште четворица нејзини колеги.