Реклама

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Еврпа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Македонија

Тошковски најавува нови законски овластувања на МВР за спречување семејно насилство: Полицијата ќе може итно, на 24 часа, да го отстрани потенцијалниот насилник од домот

Со предложените измени на законите, полициските службеници ќе добијат значајни итни овластувања…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со предложените измени на законите, полициските службеници ќе добијат значајни итни овластувања за справување со семејното насилство овозможувајќи им директна и брза заштита на жртвите во критични ситуации.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, на брифинг со медиумите, рече дека доколку полицискиот службеник на самото место, врз основа на процена на ризикот, утврди постоење сериозна опасност од семејно насилство, ќе може усно да издаде наредба за отстранување на потенцијалниот насилник од домот.

Оваа мерка формално-правно ќе важи без оглед на тоа дали лицето е формален сопственик на домот или не ставајќи ја безбедноста на жртвата на прво место.

Реклама

Усната наредба, како што беше појаснето ќе има важност од 48 часа, а во рок од 6 часа полицијата е должна да му издаде писмена наредба на сторителот, да го извести надлежниот центар и веднаш да ја информира жртвата за нејзината сигурност.

Писмената наредба, како што беше укажано, веднаш се доставува до судот којшто донесува одлука брзо и без одржување рочиште.

Ова се предлог-измени на Законот за спречување и заштита од семејно насилство, кој е веќе доставен до пратениците, а како што беше посочено на брифингот во МВР, се во насока за надминување на досегашните празнини во системот, со цел полицијата да може навремено и ефикасно да превенира и да ги заштити жртвите од семејно насилство.

На брифингот исто така беше посочено дека откако ќе се смени законот ќе има шест месеци условна примена, каде треба да се донесат подзаконски акти и ќе има едукација на полициски службеници, во што ќе бидат вклучени и меѓународни партнери коишто имаат искуство во овој дел.

Со ова законско решение, како што беше посочено, се отвора можност и за примена на електронски алки во граѓанска постапка. Деталите поврзани со нивната примена, останува понатаму да бидат разработени, како и да се утврдат потребните финансии за тоа.

Семејното насилство е општествен круцијален проблем којшто се провлекува со децении и причините се повеќе, но како што нагласија од МВР на брифингот, најважно е да се детектираат сите нефункционалности на алките во целиот синџир со акцент на превенцијата и едукација.