Реклама

Мицкоски: Состојбата во Еврпа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Економија

Почна дебатата за предлог-буџетот за 2027, Димитриеска-Кочоска вели дека е насочен кон економски раст и стабилни јавни финансии

Предлог-буџетот за 2027 година претставува продолжување на определбата за одговорна фискална политика,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Предлог-буџетот за 2027 година претставува продолжување на определбата за одговорна фискална политика, економски раст и подобрување на квалитетот на јавните услуги – вели министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, која денеска го презентира најзначајниот документ на економската политика пред собраниската Комисија за финансирање и буџет.

Според министерката за финансии, со предлог-буџетот за 2027 година обезбедени се средства за  редовно функционирање на институциите, исполнување на обврските кон граѓаните, поддршка на стопанството и реализацијата на капиталните инвестиции.

– Истовремено, остануваме посветени на постепената фискална консолидација, подобрувањето на наплатата на приходите и рационализацијата на расходите, со цел да обезбедиме стабилни и одржливи јавни финансии. Нашата цел е секој денар од јавните средства да биде искористен наменски, транспарентно и ефикасно, со јасен ефект врз економијата и квалитетот на живот на граѓаните. Не е доволно само да планираме стабилни јавни финансии – наша обврска е тие да ги претвориме во видливи резултати, развојни инвестиции и подобри услови за живеење на граѓаните – порача Димитриеска-Кочоска.

Реклама

Додаде дека приоритет на Владата останува постепената фискална консолидација, рационалното и ефикасно трошење на јавните средства, подобрата наплата на приходите и насочување на средствата кон развојни и продуктивни инвестиции.

– Основната цел е постепено намалување на буџетскиот дефицит и јавниот долг и нивно усогласување со воспоставените фискални правила, без притоа да се доведе во прашање редовното извршување на обврските на државата и финансирањето на приоритетните политики. Со овој буџет продолжуваме да градиме економија, која се потпира на инвестиции, продуктивност, конкурентност и стабилни јавни финансии. Нашата цел е стабилноста на јавните финансии да не биде сама за себе цел, туку основа за посилна економија, повеќе инвестиции, подобри јавни услуги и повисок животен стандард за граѓаните – рече Димитриеска-Кочоска.

Нагласувајќи дека неизвесноста во меѓународното окружување, како и високите и променливи цени на енергентите на светските берзи и натаму претставуваат ризици за домашната економија, министерката за финансии оцени дека сепак и во вакво меѓународно опкружување, домашната економија продолжува со позитивни трендови. Така, како што посочи, во вториот квартал од годинава економската активност забележала реален годишен раст од 4,3 наспроти 3,1 % во првиот квартал.

– Во 2027 година се очекува продолжување на позитивните економски движења и реален раст на БДП од 3,8 %. Главен двигател на растот повторно ќе биде домашната побарувачка, пред сè преку засилената инвестициска активност. Бруто-инвестициите се проектирани да забележат реален раст од 6,8 %, поддржан од продолжувањето на големите инфраструктурни проекти, инвестициите во енергетиката, обновливите извори на енергија, здравството, образованието и земјоделството. Се очекува продолжување на инвестициската активност на домашните претпријатија, како и прилив на нови странски директни инвестиции и проширување на капацитетите на постојните инвеститори – рече Димитриеска-Кочоска.

Вкупните приходи се планирани на 395,4 милијарди денари или 5,7 % повеќе во споредба со 2026 година, а вкупните расходи се проектирани на 440,4 милијарди денари или за 4,8 % во споредба со 2026 година.

Даночните приходи се планирани на ниво од 223,1 милијарди денари, што претставува раст од 6,4 % во однос 2026 година што, според министерката за финансии, се заснова на позитивните движења во економската активност, подобрената реализација на приходите годинава и унапредувањето на процесот на планирање и проектирање на буџетските приходи.

Кај расходите има зголемување на расходите за плати, кои се проектирани на речиси 57,2 милијарди денари, што е за приближно 3,4 милијарди денари повеќе во однос на последните проекции за 2026 година. Средствата, според министерката, се обезбедени за исполнување на постојната законска регулатива, обврските од склучените колективни договори и потребните нови вработувања, првенствено преку мобилност и преземање вработени во рамките на јавниот сектор.

Буџетскиот дефицит е планиран на 45 милијарди денари, односно 3,5 % од БДП.

– Планираниот дефицит ја одразува потребата од обезбедување средства за реализација на приоритетните политики и исполнување на обврските на државата, вклучително и обврските што произлегуваат од членството во НАТО, со предвидените капитални вложувања во одбраната. Нашата определба е во среднорочен период да продолжиме со постепено усогласување со воспоставените фискални правила преку подобрување на наплатата на приходите, рационализација на расходите и зголемување на ефикасноста на јавните инвестиции – појасни Димитриеска-Кочоска.

За капитални расходи се планирани 40,8 милијарди денари. Целта на Владата, како што рече министерката за финансии, е овие средства да бидат насочени кон проекти што создаваат долгорочна вредност, ја подобруваат инфраструктурата и придонесуваат за поквалитетни јавни услуги.

– За разлика од претходната практика, кога во рамките на капиталните расходи беа вклучувани и трансфери кон јавни претпријатија и други субјекти за тековно работење и други намени, кои по својата економска суштина не претставуваат директни капитални вложувања, сега се опфатени расходи кои навистина се однесуваат на инвестиции во инфраструктура, објекти, опрема и други капитални проекти. Со тоа се обезбедува пореална слика за обемот на јавните инвестиции и се овозможува нивно потранспарентно следење и споредување – рече Димитриеска-Кочоска.

Во однос на јавниот долг министерката посочи дека на 30 септември годинава јавниот долг изнесувал 56,6 % од БДП.

– Во 2027 година, покрај финансирањето на буџетскиот дефицит, кој е проектиран на 45 милијарди денари, државата има обврски и за сервисирање на долгот во износ од 124,6 милијарди денари. Од вкупните обврски за отплата 46,5 милјарди денари се за надворешен долг. В година, како што е познато, за отплата е еврообрзницата од 500 милиони евра издадена во 2023 година. За финансирање на дефицитот и обврските планирано е домашно задолжување од 36,3 милијарди денари и дополнителни 60 милијарди денари за едногодишни државни хартии од вредност, кои достасуваат за отплата и задолжување во странство од 86,8 милијарди денари – посочи министерката за финансии. 

Димитриеска-Кочоска посочи дека предлог-буџетот не е само план на приходи и расходи, туку рамка во која се утврдени приоритетите и создадени услови за одржлив економски раст и подобар животен стандард на граѓаните.

– Нашата цел е секој денар од јавните средства да биде искористен наменски, транспарентно и ефикасно, со јасен ефект врз економијата и квалитетот на живот на граѓаните. Не е доволно само да планираме стабилни јавни финансии – наша обврска е тие да ги претвориме во видливи резултати, развојни инвестиции и подобри услови за живеење на граѓаните – порача министерката за финансии.