Реклама

Мицкоски: Состојбата во Еврпа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Македонија

Мизрахи: На власта и е потребна конструктивна опозиција, критиките треба да се темелат на аргументи, а не само на партиски наративи

Рашела Мизрахи, член на ИК и пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Рашела Мизрахи, член на ИК и пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во интервју на една од телевизиите осврнувајќи се на парламентарната опозиција, изрази загриженост поради, како што рече, отсуството на конструктивна опозиција која ќе изнесува аргументирани ставови и видувања засновани на докази и материјали за кои може да се води суштинска дебата – стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ситуацијата којашто ја имаме интересна во парламентот е непостоење на фактичка опозиција којашто изнесува ставови и видувања коишто се темелат на некакви доказливи материјали и со коишто може да влезете во материјална расправа“, вели Мизрахи.

Пратеничката Рашела Мизрахи оцени дека конструктивната опозиција е неопходна за квалитетно функционирање на власта, посочувајќи дека СДСM во претходните два мандати направила круцијални грешки затоа што не ги слушала аргументите и забелешките на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Реклама

„Доколку СДСM во минатите два мандати ги слушаше пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, барем да размисли на темата на она што е кажувано во рамките на парламентот, немаше да направи некој од најкруцијалните грешки. Зошто, вие може да дебатирате и да искажувате различни ставови и да ги браните партиските наративи, начело или делување од позиција на моќ. Меѓутоа треба да оставите еден дел во дијалогот во којшто ќе размислите на она што опонентот ви кажува. Јас многу внимателно ја слушам опозицијата како што и многу внимателно ја слушав власта кога ние бевме во опозиција. Сметам дека за дебата треба да се слушаат аргументите од двете страни – истакна Мизрахи.