Објавен е јавен повик за вклучување евидентирани невработени лица во програмата Општинско – корисна работа 2026 година, соопштија денеска од кавадаречката локална самоуправа.
– Се повикуваат сите евидентирани невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект „Економија на грижи“ со работно време во траење од девет месеци, заради зголемување на вработливоста и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување – Центар за вработување – Кавадарци на позицијата – негувател на стари и изнемоштени лица во домашни услови – информираа од Општината.
Вкупниот период на влученост на невработените лица преку програмата изнесува девет месеци.
– Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во програмата „Општинско – корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со работно време од 40 работни часови неделно. Статусот на невработените лица останува непроменет, а на невработените лица – корисници на паричен надоместок и на корисници на право на гарантирана минимална помош, за времетраење на работно ангажирање ќе им биде активно претходно остварено право – појаснија од Општината.
Право на учество во програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица кои имаат стекнато сертификат за негувател на стари и изнемоштени лица во домашни услови.
Повеќе детали за јавниот повик може да се видат на веб-страницата на локалната самоуправа.

