Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Ѓорѓиевски: Скопје ја памети цената на својата слобода

Скопје ја памети цената на својата слобода и нема да ги заборави…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скопје ја памети цената на својата слобода и нема да ги заборави оние што ја платија со својот живот, порача градоначалникот Орце Ѓорѓиевски по повод 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје.

Во објава на Фејсбук, Ѓорѓиевски информира дека утрово ја одржал традиционалната средба со претставниците на Градскиот одбор на Сојузот на борците од Народноослободителната антифашистичка војна на Македонија.

– Им се заблагодарив за посветеноста со која го чуваат споменот на ослободителите и го пренесуваат нивниот завет на новите генерации, наведува Ѓорѓиевски.

Реклама

Тој потсетува дека на денешен ден, по неколкудневни тешки борби со фашистичкиот окупатор, борците од 42-та и 50-та народноослободителна дивизија и 16-та македонска бригада му ја донеле слободата на Скопје.

– Со огромна храброст и саможртва го отворија патот кон иднината на нашиот град. Нивниот подвиг живее во секое слободно утро на Скопје, во секоја генерација што расте со право да сонува, да создава и гордо да му припаѓа на својот град. Тие се изборија за слободата. Наша должност е да бидеме достојни за неа, порача градоначалникот.

Ѓорѓиевски нагласува дека како градоначалник одговорноста ја носи со длабока почит и решителност да се гради Скопје во кое достоинството, солидарноста и заедништвото ќе бидат дел од секојдневниот живот.

– Град што ќе им го оставиме на идните генерации со гордост, свесни дека сме го дале најдоброто од себе. Нека ни биде вечен заветот на ослободителите! Да го чуваме Скопје, да го градиме и да го сакаме со дела! Вечна слава на хероите кои го донесоа 13 Ноември! Слава на борците за слободно Скопје!, наведува Ѓорѓиевски.