Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Саем „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“ утре во Градскиот парк во Скопје 

„Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“, е мотото на саемот што…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“, е мотото на саемот што утре ќе се одржи во Градскиот парк во Скопје, во организација на здружението „Ж`та“ со поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Од Министерството информираат дека на настанот ќе се обрати министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски. 

,,Ж’та” е здружение на македонски ракијари од Кавадарци, посветени на зачувување и негување на македонската традиција, домашната ракија и богатото културно наследство. 

Од здружението, пак, соопштуваат дека целодневната манифестација е со почеток од 10:00, па сè до 16:00 часот, на „Школка“.

Реклама

– На саемот со свои производи ќе се претстават производители на мед, вина, дестилерии, на овошје, конзервиран зеленчук, домашни преработки и млечни производи од цела Македонија. Исто така, учествуваат индивидуални и регистрирани земјоделци, семејни задруги, семејни винарии и дестилерии – појаснуваат од ,,Ж’та”. 

Оттаму споделуваат дека очекуваат бројни гости од земјава и странство, ќе може да се дегустира и да се купи, се најавуваат и богата музичка програма и содржини за најмладите.