Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Тошковски: Ива Михајлова не е регистрирана на ниту една гранична камера, истрагата не утврди вина кај полициските службеници

Досегашната истрага за бегството на Ива Михајлова од Кочани покажала дека таа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Досегашната истрага за бегството на Ива Михајлова од Кочани покажала дека таа не е евидентирана ниту при влез или излез од државата на македонските гранични премини, ниту на камерите на безбедносните системи во земјава во критичниот период, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на една од националните телевизии.

Тој посочи дека првичните информации добиени и од бугарската гранична полиција биле дека нема евиденција за влез или излез на Михајлова од Бугарија во текот на 2026 година.

Според Тошковски, ниту една од камерите и безбедносните системи со кои располагаат македонските институции не го регистрирала нејзиното движење во критичниот временски интервал – од вечерта кога била забележана во локал во Кочани до моментот кога се појавила во медиумите во Бугарија.

Реклама

– Досегашниот дел од истрагата потврди дека не само што ја нема во македонските евиденции за влез и излез во текот на 2026 година, туку и првично бугарската гранична полиција ни потврди дека нема евиденција за нејзин влез или излез во текот на оваа година. Ниту на една од камерите, ниту на еден од системите што ги имаме не е детектирана – рече Тошковски.

Осврнувајќи се на шпекулациите и информациите што се шират во јавноста за наводна улога на полициски службеници во нејзиното заминување, Тошковски рече дека досегашните сознанија не упатуваат на такво нешто.

– Ова лице, заедно со другото лице, во тој критичен временски интервал не е регистрирано на ниту една од камерите. А камоли полициските службеници да ја поздравуваат, да ја величаат и да зборуваат колку е значајна за светот, како што се обидува да се наметне со пропагандата што, за жал, се шири – изјави министерот.

Тошковски оцени дека суштинското прашање е начинот на кој Михајлова ја напуштила земјата посочувајќи дека, според досегашните сознанија, таа не ја преминала легално државната граница преку официјален граничен премин.

Во однос на евентуалната одговорност на полициските службеници од граничните премини и од Полициската станица во Кочани, министерот рече дека врз основа на информациите со кои располага и досегашната истрага не се утврдува нивна вина.

Тој појасни дека Михајлова до моментот на бегството редовно се пријавувала во термините што ѝ биле определени со судска одлука, но дека државата ја напуштила нелегално, надвор од официјален граничен премин.

– Од она што го имам како информација и од досега спроведената истрага, мислам дека не би можеле да најдеме никаква вина кај ниту еден од полициските службеници, ниту на граничните премини ниту во Полициската станица во Кочани, бидејќи таа до моментот на бегството уредно се пријавувала во термините определени од судот. Повторувам, не ја напуштила легално Македонија, преку граничен премин – рече Тошковски.

Министерот во интервјуто оцени и дека Бугарија, како соседна земја и членка на Европската Унија, со години станува заштитник на осомничени и осудени криминалци.