Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Македонија

Хаџи Василева: Ги следиме случувањата со Алта банка и други случаи, но за постапување се потребни докази

Обвинителството ги следи актуелните случувања поврзани со Алта банка, организацијата на прославите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Обвинителството ги следи актуелните случувања поврзани со Алта банка, организацијата на прославите за Денот на независноста и други теми од јавен интерес, но за формирање обвинителски став, неопходни се конкретни факти и докази – смета новоизбраната раководителка на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Искра Хаџи Василева.

Одговарајќи на новинарско прашање дали има обвинителски став за овие случаи и дали треба да се испитуваат одредени наводи, Хаџи Василева нагласи дека не би било соодветно да се изнесува став без конкретен материјал.

– За да имате обвинителски став, мора да располагате со конкретен материјал и факти, без оглед на тоа што се зборува во јавноста, што кружи во медиумскиот простор или што произлегува од новинарски написи – изјави Хаџи Василева.

Реклама

Таа додаде дека доколку постојат посериозни индиции или основи за сомневање, тоа е веќе друга ситуација.

– Новинарските истражувања за нас се значајни и може да помогнат. Доколку дојде момент за понатамошно постапување, секако дека овие теми внимателно се следат и нè обврзуваат да реагираме, вклучително и по допрен глас – рече таа.

Според неа, евентуалното преземање активности ќе зависи од сознанијата и доказите со кои ќе располага Обвинителството.

На прашањето дали, имајќи ги предвид истрагата во Србија и информациите поврзани со сопственикот на Алта банка, ќе побара соработка со српското обвинителство за организиран криминал, таа посочи дека меѓународната соработка е редовен дел од работата на Обвинителството.

– Тоа е, се разбира, дел од начинот на работа и нешто на што нè обврзува законот. Доколку се отвори какво било прашање во рамките на кривичен прогон или испитување одредена состојба, секако дека соработуваме со колегите од други држави – рече Хаџи Василева.

А на прашањето како планира да ги подобри условите за работа во Обвинителтвото, имајќи предвид дека ставот на власта е дека се издвојуваат доволно средства, таа одговори дека планот ѝ е да аргументира и да бара исполнување на потребите за кои постои законска основа.

– Не станува збор за став на актуелната или која било власт. Ние сме институција и дел од систем што мора да функционира. Секако дека една од моите задачи како раководител на институцијата ќе биде постојано да се обидувам да обезбедам повеќе ресурси и да ги подобрам условите во кои работат обвинителите, стручната служба и сите вработени – рече Хаџи Василева дополнувајќи дека планот ѝ е да аргументира и да бара исполнување на потребите за кои постои законска основа.

Во однос на најавените законски измени, особено новиот Кривичен законик, таа посочи дека законите се подготвуваат со години и дека од нив се очекува да придонесат за поефикасно функционирање на правосудството.

– Да бидам коректна, овие закони се подготвуваат подолг временски период и веќе неколку години се предмет на работа на разни работни групи. Очекувањата се, секако, овие законски решенија да придонесат за поефикасно функционирање на правдата. Но, нешто на што ние, како правници, а и правосудниот систем во целина, мораме постојано да работиме е нивната имплементација и правилна примена. Уште на факултет учиме дека суштината не е само во текстот на законот, туку и во неговото толкување и применување. Затоа е важно законите да се спроведуваат доследно и во согласност со нивната цел – рече Хаџи Василева. 

Новоизбраната раководителка на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), Искра Хаџи Василева, која денеска даде свечена изјава пред Советот на јавните обвинители за стапувањето на функцијата, порача дека нејзини главни приоритети ќе бидат ефикасен кривичен прогон, целисходна работа на Обвинителството и максимално искористување на расположливите ресурси во борбата против организираниот криминал и корупцијата.