Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Македонија

Новата шефица на ОЈО ГОКК најавува поодлучен прогон на предметите од јавен интерес

Новоизбраната раководителка на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Новоизбраната раководителка на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), Искра Хаџи Василева, порача дека нејзини главни приоритети ќе бидат ефикасен кривичен прогон, целисходна работа на Обвинителството и максимално искористување на расположливите ресурси во борбата против организираниот криминал и корупцијата.

По денешното давање свечена изјава пред Советот на јавните обвинители за стапување на функцијата, Хаџи Василева истакна дека приоритетите ѝ се веќе утврдени и дека состојбите во делот на надлежностите на Обвинителството ѝ се добро познати.

– Приоритетите се јасни – ефикасен кривичен прогон, целисходност во нашата работа и максимално искористување на ресурсите што ни се ставени на располагање. Свесни сме дека тие во одреден дел се ограничени, но ќе се залагаме за обезбедување повеќе ресурси и за што поефикасно користење на постојните, со цел да постигнеме поуспешни резултати – изјави Хаџи Василева.

Реклама

Осврнувајќи се на оценките во последниот извештај на Европската комисија дека нема напредок во борбата против корупцијата, новата шефица на ОЈО ГОКК рече дека е свесна за предизвиците што ги носи актуелниот контекст.

– Ќе се обидеме да испорачаме поефикасен и поодлучен кривичен прогон таму каде што тоа е најпотребно, односно во предмети и ситуации што навистина го засегаат јавниот интерес и што се од значење за сите нас, за граѓаните и за општеството во целина – рече Хаџи Василева.

Хаџи Василева беше избрана за раководителка на ОЈО ГОКК на изборите одржани на 28 октомври годинава освојувајќи 64 гласа од вкупно 171 важечко гласачко ливче. За функцијата се кандидираа пет јавни обвинители: Фатон Азизи, Трајче Пеливанов, Лидија Раичевиќ, Искра Хаџи Василева и Јован Цветановски.

При претставувањето на програмата пред Советот на јавните обвинители таа истакна дека фокусот на ОЈО ГОКК мора да биде насочен кон борбата против корупцијата и организираниот криминал како појави што ги нарушуваат јавниот интерес, мирот на граѓаните и општествениот напредок.

Изборот на нов раководител беше спроведен поради истекувањето на мандатот на досегашниот шеф на ОЈО ГОКК, Ислам Абази, кој на оваа функција беше избран во октомври 2022 година.