Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски на едно од вечерашните гостување на една од националните телевизии истакна дека одржувањето на надзорната расправа е позитивен чекор и според него настапот на СДСМ бил насочен кон создавање штета и наметнување сценарио за стечај на банката, какво што како што рече партијата се обидува да го преслика од претходни искуства.
„Жал ми е што не сте ја гледале целата расправа, и сметам дека најнапред е добро што се одржа надзорната расправа, јас бев еден од потписниците што баравме веднаш да имаме надзорна расправа. Бидејќи СДСМ си е деструктивна партија, таков им е наративот и тоа нема да се промени и нивната цел беше да направат штета, нивната интенција е оваа банка да премине во стечај, бидејќи такво им е искуството па сега се обидуваат да го пресликаат тоа и тука, а тука тоа не е случај“, посочи Јаревски.
Јаревски посочи дека на надзорната расправа биле одговорени сите поставени прашања и дека присутните дале одговори без да остават простор за нејаснотии и истакна дека претставниците на СДС побарале пауза откако биле соочени со фактите и останале без аргументи и исто така потенцираше дека штедните влогови и интересите на доверителите се заштитени со што Алта банка е ликвидна и нема опасност од стечај.
„Имаше одговор на сите прашања што беа поставени, немаше простор за ниту една нејаснотија, сите повикани дојдоа, сите одговорија на прашањата што беа поставени и фатени во нивната немоќ прв пат на надзорна расправа бараа пауза, од кога сфатија дека се разобличени, дека се извадени сите факти на површина, дека лажат и манипулираат бараат пауза“, рече Јаревски и додаде:
„Обезбедени се штедните блогови, безбедни, заштитени и доверителите, немаме стечај, немаме пропаѓање на банката. Оваа банка, Алта банка не е во стечај, не е пропадната не е судбината на Еуростандард банка кај што се даваат кредити неосновани, евтини, овде имаме друг случај, заштитени се и штедните влогови и интересите на доверителите. Банката е ликвидна, ситуацијата е стабилна и очекуваат дека ќе биде продадена, интерес за купување на банката има“.

