Во ЈЗУ Општа болница Куманово почна постапка за вработување на 23 приватни специјализанти, со што продолжува реализацијата на проектот за вработување на 600 специјализанти на национално ниво, информираа денеска од установата.
Во првата фаза во кумановската Општа болница беа вработени 27 приватни специјализанти, додека во втората фаза се предвидува вработување на уште 23. Со тоа, во установата вкупниот број вработени приватни специјализанти ќе достигне 50.
Според предвидената распределба, најголем број од новите вработувања се за специјализација по неврологија, шест доктори, четири за интерна медицина, три за пулмологија и алергологија и двајца за гастроентерохепатологија. По еден доктор ќе биде вработен на специјализација по гинекологија и акушерство, дерматовенерологија, кардиологија, ортопедија, психијатрија, физикална и рехабилитациона медицина, медицинска биохемија и радиодијагностика.

