Реклама

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Македонија

Документ: Записникот од седницата кога владата на Ковачевски дозволува влез на Мацура и Алта банка во Македонија

Претходната влада на СДСМ и ДУИ влегла во деловни односи со Алта…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претходната влада на СДСМ и ДУИ влегла во деловни односи со Алта банка – Белград и лицето Давор Мацура во Србија уште во 2023 година кога на владина седница била донесена одлука да го овласти државниот правобранител во име на владата да ги отуѓи акциите што Македонија ги имала во Алта банка. Тогаш државата влегла во деловен однос со Алта банка и Давор Мацура. Купувањето на Стопанска банка АД Битола од страна на Алта банка не е поврзано во никој случај со сегашната Влада бидејќи станува збор за две правни лица и трансакцијата е во согласност со сите прописи, закони и со Уставот. 

На ваков начин, како што брифира денеска премиерот Христијан Мицкоски, паѓа првата и носечка теза на опозицијата дека сегашната Влада дозволила лицето Давор Мацура преку Алта банка – Белград да влезе во Македонија

Во извадок од записникот од 194-тата седница на владата одржана на 24 октомври 2023 година, што ја води Димитар Ковачевски, а присутни биле половина од пратениците од актуелната пратеничка група на СДСМ, тогашни министри, може да се види дека на предлог на министерот за финансии Фатмир Бесими се барало од владата да го овласти Државното правобранителство да ѝ ги отуѓи на Алта банка – Белград акциите што државата ги има во банката во Србија како резултат на сукцесијата на поранешна Југославија.

Реклама

Така што, како што вели премиерот, лицето Давор Мацура и Алта банка не се појавуваат во 2025, тие првпат се појавуваат на дневен ред во зградата на Владата во 2023 година за време на владата на СДСМ и ДУИ. 

Мицкоски потенцира дека владата не можела да се меша во трансакцијата за купување на Стопанска банка АД Битола од страна на Алта банка затоа што така би ја нарушиле пазарната економија. Ако ние кажуваме кој да работи, а кој не, реципрочно тоа може да го направат и во Србија и наши компании да не може да работат со земјата, со што последиците за Македонија би биле големи.

Мицкоски вели дека е убеден оти нема да се оствари желбата на опозицијата да пропадне оваа компанија во Македонија за да отиде во стечај. Од денешна перспектива сум и повеќе од убеден дека тоа нема да се случи, вели Мицкоски, и додава дека веќе има тројца заинтересирани купувачи.

Во моментот, појасни тој, тече периодот од 10 дена, во кој српскиот регулатор треба да му даде право на нашиот регулатор да влезе во процес на отуѓување на акциите бидејќи банката сопственик – Алта банка – е во стечај. Кога ќе поминат овие 10 дена, потребни се дополнителни пет дена за лиценцирање на потенцијалните купувачи, кои повторно мора да поминат низ извесен клиринг кај нашиот регулатор и дури потоа се организира аукцијата. Таа ќе биде по просечна цена од цената во последните шест месеци, непроменета е и изнесува 3.777 денари. Доколку нема заинтересиран купувач, следниот ден има нова аукција со дисконтирана цена од 10 отсто и сè така до минимум 50 проценти.

Во случај да дојде и до најцрното сценарио, односно да не се најде купувач, за што премиерот е убеден дека речиси и не е можно сценарио, активата на банката е за 50 отсто поголема од пасивата. Така што, и во најцрното сценарио, нагласи Мицкоски, сите, до последниот доверител, ќе бидат обесштетени.