Реклама

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Македонија

Средба на министерот Серафимовски со италијанскиот амбасадор Палминтери

Европската интеграција на земјоделскиот сектор и можностите италијанското искуство да помогне во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Европската интеграција на земјоделскиот сектор и можностите италијанското искуство да помогне во осовременувањето на домашните стопанства и примената на европските стандарди за производство и квалитет на храна беа тема на разговор на денешната средба на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски со амбасадорот на Италија, Паоло Палминтери.

Како што информираат од МЗШВ, една од темите на разговор меѓу министерот и амбасадорот беше и примената на дигиталните технологии во земјоделството, кои се во функција на подобро планирање, навремено приспособување на климатските услови и зголемување на продуктивноста преку поефикасно користење на ресурсите.

На средбата беше нагласено дека европската интеграција за македонското земјоделство значи усогласување на правилата и зајакнување на улогата на институциите, кои преку прецизни постапки и стручна помош може да им го олеснат на земјоделците и на преработувачите приспособувањето кон барањата на ЕУ.

Реклама

– Европските стандарди имаат практична вредност кога земјоделецот може да ги примени во своето стопанство, да го потврди квалитетот на својот производ и да го понуди на нови пазари. Соработката со Италија ни дава можност искуството во примената на овие стандарди да го доближиме до нашите производители – истакна министерот Серафимовски.

Од страна на соговорниците заеднички беше оценето дека органското производство нуди развоен потенцијал, кој може да им донесе дополнителен приход на домашните земјоделци преку пласман на пазари, на кои се ценат потеклото на производот и начинот на одгледување.