Водата за пиење во Скопје е безбедна и ги исполнува пропишаните стандарди за квалитет, покажуваат анализите на Секторот за санитарна контрола при ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.
Како што соопшти претпријатието, во периодот од 2 до 6 ноември годинава биле земени 186 примероци за физичко-хемиска и 186 примероци за микробиолошка анализа на водата за пиење од вкупно 41 мерно место на подрачјето на Град Скопје.
Според резултатите од испитувањата, сите анализирани примероци одговараат на барањата утврдени во Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.

