Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Македонија

Сиљановска-Давкова упати сочувство до Полска по нападот во Краков

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова изрази сочувство до семејствата на загинатите и повредените, како…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова изрази сочувство до семејствата на загинатите и повредените, како и до полскиот народ, по нападот во Краков, којшто во својата реакција го осуди како терористички чин.

Во објава на социјалната мрежа Икс, таа изрази длабока тага поради трагедијата во која загинале невини луѓе, а повеќе лица биле повредени. 

-Во овие тешки моменти, македонскиот народ стои во целосна солидарност со Полска. Ја споделуваме вашата болка и упатуваме најдлабоко сочувство до сите погодени од оваа трагедија – порача Сиљановска-Давкова. 

Реклама

Претседателката Сиљановска-Давкова нагласи дека во име на македонските граѓани упатува поддршка до полскиот народ и го осудува насилството во кое беа одземени човечки животи. 

Во нападот што се случи на 7 ноември во центарот на Краков загинаа шест лица, а најмалку 15 беа повредени. Обвинителството во Краков денеска отвори истрага против 24-годишниот Михал Окшински за убиство на шест лица врз кои пукал со автоматско оружје на главниот плоштад во тој град, како и за убиство на три лица во семејниот стан во градот Островјец Швјентокшиски.