Реклама

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ја саботира институционалната постапка за Алта банка, ЈО да ги испита наводите за саботажа

ВМРО-ДПМНЕ со реакција одговори на прес-конференцијата на Саша Димитријевиќ од СДСМ во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ВМРО-ДПМНЕ со реакција одговори на прес-конференцијата на Саша Димитријевиќ од СДСМ во која вели  дека не се точни тврдењата оти  гувернерот посочил дека одлуката во врска со Алта банка ја донел премиерот.  СДСM ја саботира институционалната постапка за Алта банка, граѓаните не сакаат лекции за финансиска одговорност од нив, наведува ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата.

СДСM да престанат со манипулациите и ширење несигурност кај граѓаните за Алта банка. Не се точни тврдењата дека гувернерот посочил дека одлуката во врска со Алта банка ја донел премиерот. Наместо да ги спинуваат изјавите, треба да покажат одговорност и да престанат со свесен обид за создавање паника. А за финансиски текови и одговорност, нека се потсетат и на 110 милиони евра насочени до струмичките фирми врзани со Заеви.

Надлежните информираа дека се работи на изнаоѓање решение за да не бидат граѓаните оштетени, a Венко со својот тим на хипокрити на ова реагираат со обиди за делегитмирање на институцијата и исполнуваат туѓи агенди,  и додека беа на власт и сега како опозицијa.

Реклама

Со ова, се обидуваат да префрлат одговорност за исходот од случајот со Алта банка, иако одлуките и надлежностите се разгледуваат според законска институционална поставеност.

Оттука, го повикуваме ЈО да ги испита наводите и евентуалното постоење елементи на кривично дело саботажа од член 315 од Кривичниот законик.