Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Ракијадата во Валандово по 26. пат ги собра мајсторите за правење домашна ракија

Дваесет учесници и годинава се претставија на традиционалната “Валандовска ракијада” која по…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дваесет учесници и годинава се претставија на традиционалната “Валандовска ракијада” која по 26. пат се одржува на Градскиот базен во Валандово. Со домашно валандовско грозје одлежано дваесеттина дена, според постапката за варење, учесниците го почнаа процесот на создавање на познатата домашна ракија.

Наградени со прво место за најдобра ракија оваа година беа Лазар Димов и Трајче Зајков, второто место го понесоа Дени Делев и Крсте Арабаџиев, а третото место им припадна на Гуна Маркова и Катица Тунгелова. 

Тие велат дека традицијата на варење домашна ракија се пренесува од генерација на генерација, така и самите ја научиле.

Реклама

Дел од учесниците на оваа манифестација и годинава беа претставниците од средното општинско училиште @Гоце Делчев”, од земјоделско – ветеринарната насока.

Режење, врзување, прскање и полевање се првите подготвителни фази додека да се добие готовиот производ односно грозјето, кое е потребната суровина од која се прави ракијата, вели Ѓорѓи Зафиров, учесник на годинaшната Ракијада.

– Грозјето што го ставаме во вреќи треба да одлежи 21 ден, за да узрее или преврие. Прво го вадиме виното, а потоа ракијата, па на крајот ја правиме мастиката. Во еден казан можеме да свариме сто литри. Грозјето е мелено со машина, а не рачно. Ракијата што ја правиме денес е од сортата на грозје вранец. Од првата година сум на Ракијадата, значи веќе 26 години, а постапката ја научив од мојот татко, мојот син пак научи од мене – вели валандовчанецот Ѓорѓи Зафиров и додава дека начинот за правење на ракија е насекаде ист.  

Манифестацијата „Валандовска ракијада” се одржува како традиционален настан под покровителство на Општина Валандово.