Реклама

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Град Скопје ги ослободува младите брачни парови од плаќање комуналии за изградба на куќа

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Македонија

Ивановска: Имаме квалитетно средно стручно образование кое овозможува успешен настап на пазарот на труд и добра основа за академска надградба

Скопското средно училиште „Димитар Влахов“ од денеска има модерен фризерско-козметички кабинет, наменет…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скопското средно училиште „Димитар Влахов“ од денеска има модерен фризерско-козметички кабинет, наменет за практична настава на учениците од струката – лични услуги. Постојните простории се целосно обновени и опремени со инвестиција од околу 3,5 милиони денари обезбедени од Министерството за образование и наука, Градот Скопје и училиштето.

На пуштањето во употреба на кабинетот за практична настава присуствуваше и државниот секретар во МОН, Елена Ивановска, која изрази уверување дека образованието на учениците во овие простории ќе им биде интересно, затоа што ќе работат во реални услови и ќе стекнуваат и надградуваат квалитетни вештини со кои ќе можат понатаму да бидат препознатливи и успешни професионалци во својата област.

– Верувам дека овој пример ќе биде поттик и за останатите општини и стручни училишта да продолжат да инвестираат во унапредување на образовните капацитети и во создавање современи услови за практична настава, а Министерството секако ќе продолжи да ги поддржува согласно буџетските можности – посочи Ивановска.

Реклама

Потенцира дека стручното образование е во подем и денес е силната страна на македонскиот образовен систем. Атрактивно е за младите, затоа што, како што истакна, гледаат можност за брз и успешен настап на пазарот на трудот, а на оние кои сакаат академски да се надградуваат – им дава добра основа за тоа.

– Оваа година, од 16.000 ученици скоро 11.400 ученици се запишаа во прва година во средните стручни училишта, над 70 отсто од генерацијата и тоа е нотирано и во извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија, како една од остварените цели од Реформската агенда. Имаме 3.200 ученици во паралелки со дуално образование. Овие бројки се јасен показател за големиот интерес за стручното образование – додаде Ивановска.