Реклама

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Град Скопје ги ослободува младите брачни парови од плаќање комуналии за изградба на куќа

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Димитриеска- Кочоска: Случувањата со Алта банка не се закана за банкарскиот систем

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Прилози

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Граѓаните да бидат спокојни. Нема да останат без своите пари. Сите ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Граѓаните да бидат спокојни. Нема да останат без своите пари. Сите ќе бидат обесштетени. Премиерот Мицкоски вели дека дури 95% од штедните влогови на граѓаните во Алта банка се до 30 илјади евра, сума која дури и при евентуален стечај целосно се покрива од Фондот за осигурување на депозити. Тој уверува дека парите ќе си ги добијат назад и клиентите кои имаат депозити над оваа сума, бидејќи активата на банката е трипати поголема од нејзините обврски. Мицкоски ги повика штедачите и доверителите на Алта банка да не подлегнуваат на, како што рече, шпекулациите од страна на опозицијата.

„Добра вест за граѓаните е дека дури и во најлошото сценарио, секој граѓанин, секој доверител ќе биде обештетен до последниот денар. Ве молам, не подлегнувајте на хистеријата што ја поттикнува опозицијата“, изјави Мицкоски.

И покрај апелите, лидерот на СДСМ продолжува со обвинувањата. Сега тврди дека министерката за финансии и тоа како знаела дека српскиот инвеститор Алта банка Белград ќе ја купувал Стопанска банка Битола во 2025-та година. Во објава на фејсбук покажа и наводен записник во кој според него биле содржани заклучоци поврзани со понудата за преземање акции, донесени на предлог на министерката за финансии.

Реклама

Одговор стигна и од премиерот и од Министерството за финансии. Се работи за записник, во кој, министерката барала јавните претпријатија кои имале мали удели во Стопанска банка Битола да одлучат во рок од три дена дали да ги продадат акциите на новиот инвеститор. Не се работи за тоа дека Димитриеска Кочоска имала ингеренции воопшто да учествува во купопродажбата. Токму напротив, Мицкоски вели дека гувернерот нема законска обврска да ја извести Владата за промена во сопственичката структура на банката.

Премиерот нагласува дека обвинителството конечно треба да се позанимава со лажните тврдења на СДСМ и Филипче за Алта банка. Тој вели дека хистеријата и паниката кои ги шири опозицијата можат да ги спречат напорите да се најде купувач. Потсети дека за кривичното дело саботажа е предвидена затворска казна од најмалку три години.

„Редно е Јавното обвинителство да се позанимава, согласно Кривичниот законик, со ова кривично дело саботажа што го прави опозицијата, која свесно го урива Уставот и државниот поредок, ширејќи невистини, немир и креирајќи лаги. На тој начин ги доведува граѓаните во чувство на несигурност и исплашеност“, изјави Мицкоски.

Мицкоски алармираше дека повеќе го загрижува намалувањето на трговската размена со Србија, бидејќи многу фирми поради стечајот на српската Алта банка ќе се затворат, а луѓето ќе останат без работа во двете земји. Неколку македонски компании веќе го известиле дека нивните деловни партнери во Србија се соочувале со финансиски проблеми. И од Народната банка ги осудија наводите на опозицијата. Информираа дека од 2025 година заклучно со октомври 2026 година, приливите од Србија изнесуваат 8,4 милиони евра, а одливите 12,5 милиони евра трансакции поврзани со редовното работење на клиентите. Дополнително ,нема никакви приливи и одливи од и кон Русија.