Реклама

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Град Скопје ги ослободува младите брачни парови од плаќање комуналии за изградба на куќа

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Димитриеска- Кочоска: Случувањата со Алта банка не се закана за банкарскиот систем

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Македонија

Димитриеска-Кочоска на 13. Erste Investors Breakfast: Стабилноста на финансискиот систем е клучена за довербата на граѓаните, компаниите и непречено функционирање на економијата

За Владата и Министерството за финансии остануваат клучни приоритети водењето одговорна фискална…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За Владата и Министерството за финансии остануваат клучни приоритети водењето одговорна фискална политика, со постепена фискална консолидација, одржување на макроекономската стабилност, поттикнување на инвестициите и обезбедување долгорочна одржливост на јавните финансии. Ова го порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во обраќање на 13. Издание на Erste Investors Breakfast што во организација на Ерсте групацијата и Шпаркасе банка се одржа денеска во Скопје.

Таа потенцираше дека во услови на неизвесно глобално окружување особено значење имаат стабилноста, предвидливоста и сопособноста на институциите да создадат условите за долгорочен економски развој. Оттука и нашата определба јавните финансии да бидат во функција на економски раст и истовремено тој раст да биде одржлив, заснован на продуктивност, конкурентност и стабилни економски основи.

-Во остварувањето на овие цели, финансискиот сектор има исклучително важна улога.  Банките не се само посредници меѓу штедењето и инвестициите. Тие се значајни партнери во финансирањето на компаниите, поддршката на претприемништвото, модернизацијата на економијата и реализацијата на нови инвестициски проекти – рече министерката и додаде дека затоа заеднички интерес е натамошно развивање на финансики сектор коj е стабилен, конкурентен, иновативен и способен да ги следи потребите на современата економија.

Реклама

Според Димитриеска-Кочоска, особено важно е финансиските ресурси да се насочуваат кон продуктивни инвестиции, технолошки развој, дигитализација, енергетска ефикасност и зголемување на конкурентноста на домашните компании.

Таа нагласи дека Министерство е посветено на континуирано унапредување на законската рамка и јакнење на институционалните механизми за заштита на финансискиот систем и граѓаните.

-Стабилноста на банкарскиот систем, потенцираше, е од исклучително значење за довербата на граѓаните и компаниите и за непреченото функционирање на економијата. Затоа е неопходно сите надлежни институции да постапуваат професионално, одговорно и координирано – истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.