Во организација на Управата за јавни приходи, даночно одделение – Кочани денеска се одржа презентација на темата (и платформа на УЈП) под наслов: „Фер туризам започнува со пријавен доход“.

Целта на оваа активност, според претставниците на УЈП, беше да се потсетат оние што и повремено извршуваат туристичка дејност, за нивните даночни обврски.
Акцентот се става на навременото пријавување на приходите од краткорочното издавање апартмани, соби, куќи и вили, во случајов за Кочани, најповеќе на Пониква.

Од УЈП посочуваат дека редовното исполнување на даночните обврски придонесува за намалување на сивата економија и нелојалната конкуренција, создавајќи еднакви услови за сите што работат во туризмот.

