Јавното обвинителство, Министерството за внатрешни работи, Царинската управа, Управата за финансиска полиција, Управата за финансиско разузнавање и Агенцијата за управување со одземен имот потпишаа Меморандумот за соработка за зајакнување на меѓуинституционалната соработка и обезбедување побезбедна и поефикасна размена на податоци во борбата со организираниот криминал, корупцијата, перењето пари и финансирањето тероризам.
Со проектот, финансиран од Европската Унија, се воспоставува заедничка, автоматизирана и одржлива платформа што ќе ги поврзе шесте институции и ќе овозможи безбедна размена на податоци, автоматизирано статистичко и аналитичко известување, како и следење на предметите низ целиот кривично-правен процес.

