Реклама

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Димитриеска- Кочоска: Случувањата со Алта банка не се закана за банкарскиот систем

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Македонија

МВР: За пет дена регистрирани 25 пријави за семејно насилство, лишени од слобода и приведени 14 лица

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во периодот од 1 ноември до…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во периодот од 1 ноември до денеска, полициските службеници постапувале по 25 пријави за семејно насилство и насилство во партнерски и семејни односи на подрачјата на Скопје, Куманово, Кочани, Штип, Велес, Охрид, Гостивар, Кавадарци, Прилеп, Битола, Тетово, Берово, Струга, Кичево, Свети Николе и Струмица.

Во рамки на постапувањето по дел од случаите, полициските службеници лишиле од слобода и привеле 14 лица, поради сомнение за физички напади, упатување закани и други форми на насилно однесување кон членови на семејството и сегашни или поранешни партнери.

-Меѓу пријавените случаи има физички напади врз сопружници, поранешни партнери, родители, деца, браќа и сестри, како и случаи на психичко малтретирање, закани и вознемирување. Евидентирани се и случаи на непочитување на изречени заштитни мерки, како и непочитување на решенија на центрите за социјална работа во врска со остварувањето на видувања со малолетни деца. Во еден од случаите во Скопје, лице со остар предмет упатувало закани кон својата мајка, додека во друг случај во Тетово е пријавено следење и упатување закани од поранешен партнер, со што не биле почитувани изречените судски заштитни мерки – посочуваат од МВР.

Реклама

Пријавени се и случаи на физичко насилство врз малолетни лица, како и закани и насилно однесување во семејниот дом.

Од МВР најавуваат дека по целосно документирање на случаите, против инволвираните лица ќе бидат поднесени соодветни пријави и поднесоци.

Министерството за внатрешни работи информира дека постапува по секоја пријава за семејно насилство и ги презема сите законски мерки за откривање и санкционирање на сторителите.

Апелираат до граѓаните да не молчат и навремено да пријавуваат каква било форма на семејно насилство, со цел надлежните институции да можат навремено да реагираат.