Реклама

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Димитриеска- Кочоска: Случувањата со Алта банка не се закана за банкарскиот систем

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Македонија

Стојаноски: Граѓаните да бидат спокојни, Народна банка го администрира целиот процес со Алта банка, СДСМ да не шири хистерија

Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ за актуелните случувања поврзани со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ за актуелните случувања поврзани со Алта банка посочи дека опозициската СДСМ шири хистерија, и како што кажа, граѓаните да не се грижат и да бидат спокојни затоа што Народна банка го администрира целиот процес – стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

-Ги видов тезите на СДСМ, вчера ги видов и законите, ги видов и фактичките ситуации, ги видов и документите од Народна банка и сметам дека денес треба да дадеме детална експликација, бидејќи сметам дека секако постои загриженост кај граѓаните бидејќи најголемата опозициона партија со денови ја држи таа тема и бесрамно лаже и продуцира факти коишто се далеку од вистината што е нормално дека граѓаните ќе имаат паника кога пред само шест години во државата при вака организиран систем, преку ноќ пропадна банка во којашто штедните влогови и парите на граѓаните, ги обештети самата држава бидејќи ништо повеќе од тоа не направи Народната банка или владата  во тој момент, освен што прогласи стечај на банката – кажа Стојаноски.

Стојаноски нагласи дека Народна банка превенирала се со цел клиентите коишто имаат сметки во Алта банка да бидат целосно неоштетени.

Реклама

-Што е различно од Еуростандард банка и од Алта банка во овој момент? Тогаш Народната банка прогласи дека одзема лиценца и ја однесе банката веднаш во стечај без притоа да направи ништо за да ги заштити парите на граѓаните или барем да понуди банката да ја купи друг сопственик како што би било нормално. Додека сега Народната банка и покрај тоа што се работи за посебно народно лице, Алта банка Србија и Алта банка Македонија, за превенција ја презема банката и го администрира целиот процес, за да можат сите клиенти и сите оние коишто имаат сметки, внатре во Алта банка Македонија да бидат неоштетени и да можат додека таа банка не добие нов сопственик, тој транзиторен период да немаат никакво оштетување. Ниту према своите штедни влогови, ниту према обврските и да можат своите обврски кон банката целосно и секојдневно да ги извршуваат – рече Стојаноски.