Реклама

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Димитриеска- Кочоска: Случувањата со Алта банка не се закана за банкарскиот систем

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Македонија

Ферати: Интеркултурализмот и социјалната кохезија се темел на едно рамноправно и инклузивно општество

Интеркултурализмот и социјалната кохезија се суштински предуслови за демократски развој, институционална и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Интеркултурализмот и социјалната кохезија се суштински предуслови за демократски развој, институционална и општествена стабилност, како и за унапредување на европската перспектива на земјата. Во таа насока, останува приоритет да се гарантираат еднаквоста, правичната и соодветната застапеност, како и заштитата на правата на сите етнички заедници во земјава – истакнал министерот за односи меѓу заедниците, Агрон Ферати, обраќајќи се на консултативната средба посветена на изработката на новата Национална стратегија за интеркултурализам и социјална кохезија 2027–2032.

Ферати нагласил дека стратегијата треба да се претвори во конкретен инструмент за спроведување јавни политики, правична застапеност и зајакнување на општествената кохезија. Тој повика на поголема соработка меѓу централните и локалните институции, посочувајќи дека стратегијата треба да содржи конкретни мерки, јасни цели и мерливи показатели за нејзино спроведување и оценување на резултатите.

Тој посочил дека стратегија има за цел да ги утврди насоките и приоритетите што ќе ги водат нашите политики во областа на меѓузаедничките односи во наредните пет години. 

Реклама

-Нашата визија е изградба на еднаква држава, во која етничките, верските и социјалните разлики претставуваат богатство и додадена вредност за општеството. За таа цел, треба да го надминеме моделот на формален соживот и да создадеме култура на активно меѓусебно поврзување, соработка и заедничка одговорност.

Ова, како што навел министерот, бара политики што гарантираат не само еднакви можности, туку и правичен пристап до јавните институции, квалитетни услуги и застапеност заснована врз компетентност и професионализам.

-Вклучувањето на сите релевантни чинители во овој процес е од суштинско значење за квалитетот и одржливоста на документот. Вашата експертиза, искуство и предлози ќе претставуваат значаен придонес во создавањето стратегија што ги одразува реалните потреби на општеството и создава основа за широк институционален и општествен консензус – истакнал Ферати.

Според него, стратегијата и акцискиот план треба да бидат усогласени со националните приоритети, институционалните обврски и европските стандарди.

-Поради тоа, очекувам овој процес да резултира со конкретни мерки и активности, засновани врз стручни анализи и јасно дефинирани цели.
Особено, барам од вас да придонесете кон зајакнување на соработката меѓу централните и локалните институции, унапредување на меѓукултурните политики и нивна практична примена на локално ниво, како и утврдување мерливи показатели што ќе овозможат ефективно спроведување, следење и оценување на резултатите од стратегијата – истакнал Ферати.

Тој на крајот порачал дека целта е оваа стратегија да не остане само насочувачки документ, туку да послужи како основа за институционално дејствување и опипливи промени во општеството и оти заедно треба да изградиме покохезивна, поинклузивна и попросперитетна Македонија.